За вработување кај наш реномиран клиент чија дејност е во големопродажба на нафтени деривати, бараме кандидат за позицијата:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ГОЛЕМОПРОДАЖБА НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ (реон Скопје)
ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Теренска продажба на нафтени деривати на коминтенти во Република Македонија.
- Комуникација со постојани и барање на нови потенцијални клиенти.
- Секојдневна координација со менаџери и транспортна служба за организирање на дистрибуцијата, проверка на податоци за клиентот, количина и термин за испорака, изработка на про-фактури и навремена испорака.
- Одговорност за навремено наплаќање на клиентите, следење на наплатата и известување на менаџментот.
- Подготвување на дневни и периодични извештаи за продажба и наплата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Возачка дозвола – Б категорија.
- Високо образование.
- Минимум една година на иста или слична позиција
- Добро познавање на MS Office (Excel, Word, PowerPoint)
- Солидно познавање на англиски јазик.
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Изразени интерперсонални и комуникациски вештини.
- Добри организациски способности.
- Иницијативност, посветеност и амбициозност.
- Одговорност и способност за тимска работа.
- Мобилност и флексибилност.
НУДИМЕ:
- Работа во интернационална компанија
- Конкурентна плата.
- Службено возило.
- Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
- Можност за кариерен развој.
Доколку ги исполнувате на ведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
📍 ул. Ристо Равановски 2-1/3, 1000 Скопје
📞 T: +389 2 3246-899 | Ф: +389 2 3246-897
🌐 www.esi.mk | 📧 rabota@esi.mk