Агенција за вработување и посредување ЕСИ за потребите на својот клиент кој работи со трговија со комунална опрема, бара еден извршител за работната позиција:
АДМИНИСТРАТОР -АСИСТЕНТ
- Администрирање на електронска пошта и документација, водење на архива и деловодници, изготвување на налози за плаќање и носење во банка
- Изготвување понуди, фактури
- Ажурирање на бази на податоци поврзани со работењето, посета на институции и други задачи, дадени од претпоставените
- ВСС
- Претходно работно искуство (од 2 години), на иста или слична позиција ќе се смета за предност, но не е пресудно
- Желба за професионален развој, истрајност и прецизност во работењето
- Навременост и флексибилност
- Доверливост и обврска за чување на деловни тајни
- Активно познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на office (Word,Excel, Outlook) пакетот
- Работно време 08.00-16.00ч, 40 работни часа неделно
- Времетраење на вработувањето е определено, со можност за добивање на решение за неопределено
- Износот на нето платата е 18.000 денари, со можност за постепено зголемување според професионалните квалитети на кандидатот
Ги поттикнуваме кандидатите кои ги исполнуваат наведените критериуми, своите биографии со фотографија да ги испратат на маил rabota@esi.mk и да ја наведет позицијата за која аплицираат.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани. Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата дата база со можност за повикување на идни соодветни огласи.
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk