За потребите на свој реномиран клиент, Employment Services International (ESI) има потреба од:
АДМИНИСТРАТОР ЗА МРЕЖА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ
- Дизајн, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура;
- Мониторирање на мрежна инфраструктира и мрежен сообраќај;
- Конфигурирање на телекомуникациски уреди (router, switch, firewall, ips);
- Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;
- Конфигурирање и администрирање на пасивна мрежна инфраструктура;
- Администрирање и извршување на регуларни резервни копии;
- Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација;
- Следење на сигурност на мрежна инфраструктира и превенција од неовластен пристап;
- Конфигурирање и администрирање на IP телефонија.
Образование:
- VII - 1 степен стручна подготовка - Диплома од универзитетско образование од компјутерски и телекомуникациски
Способност:
- Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
- Тимски дух, позитивен став и однесување;
- Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
- Поседување на возачка дозвола од Б категорија без старател;
- Познавање на англиски јазик читање и пишување;
- Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност;
- Претходно работно искуство како мрежен администратор ќе биде земено како предност.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат.
Апликацијата на која не е наведно работното место нема да се земе во предвид.
Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk