Агенција за посредување при вработување и времено вработување ЕСИ, објавува оглас за:
АСИСТЕНТ ВО РЕГРУТАЦИСКИ ПРОЦЕСИ - СЕКТОР ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (Реон Скопје )
ЗАДАЧИ:
- Комуникација со клиенти за утврдување на потребите за нови кадри
- Спроведување на соодветен процес за регрутирање на соодветни кандидати
- Реализација на пред-селекција и финална селекција на кандидати во склад со утврдените потреби на клиентите
- Водење евиденција за спроведените интервјуа, статусот на проектите и нивната реализација
- Континуирана комуникација со клиентите во процесот на селекција и споделување на потребните информации од селекцијата
- Административни задачи поврзани со дејноста на агенцијата
- Учество во процесите за продажба на услугите на агенцијата
- Спроведување на психолошка процена на кандидати преку користење на психолошки мерни инструменти
- Други задачи поврзани со дејноста на агенцијата
БАРАМЕ:
- Завршени студии ВСС – соодветно на бараниот профил ( Психологија, Правни студии, Човечки ресурси)
- Предност би имале кандидатите со претходно работно искуство во иста или слична дејност
- Развиени комуникациски вештини
- Лојалност, посветеност и организираност
- Солидно познавање на англиски јазик
- Солидно познавање на Word, Excel, Power Point, Outlook
- Лицата кои се амбициозни и имаат афинитет за кариерен развој ќе имаат предност
- Поседување на возачка дозвола Б категорија би било предност
УСЛОВИ:
· Вработување на определен период од 3 месеци, со можност за трансформирање во неопределен временски период
· Континуирана обука од страна на ментор
· Работно време: понеделник - петок 08:30 – 16:30ч
· Фер и коректно плаќање
Ги поттикнуваме кандидатите кои ги исполнуваат наведените критериуми, своите биографии да ги испратат на маил rabota@esi.mk и да ја наведет позицијата за која аплицираат.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани. Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата дата база со можност за повикување на идни соодветни огласи.
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk