За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
БРАВАР (реон Скопје)
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Санација на пропусти на прирабнички споеви;
- Отворање и затворање на резервоари, котли и мрежа на пареа;
- Подготвка и контрола на местата за заварување;
- Заварување на секаков вид на заварени споеви (рачно електролачно и пламенско заварување);
- Одржување на мрежата на пареа преку заварување на дефекти;
- Грижа за правилна работа на системите за греење и ладење во ОКТА;
- Ремонти на опремата за греење и подготовка на пареа;
- Извршување на други задачи од доменот на стручна квалификација.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Средна стручна спрема – Машинство;
- Претходно работно искуство во одржување на системи за греење и ладење ќе се смета за предност;
- Поседување на сертификат за заварување (рачно електролачно и пламенско заварување) ќе се смета за предност;
- Претходно работно искуство во нафтена или хемиска индустрија ќе се смета за предност;
- Б-категорија возачка дозвола.
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Добра психо-физичка кондиција, иницијативност и мобилност;
- Способност за работа на висина, на отворено, во услови на зголемени испарувања на нафтени деривати, во услови на бучава;
- Комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, организациски вештини, одговорност, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност.
НУДИМЕ:
- Работа во позитивна средина со можност за напредување;
- Интерна обука за работното место;
- Конкурентна плата;
- Работно време од 07:00-15:00 од понеделник до петок;
- Организиран превоз од компанијата, до и од работно место;
- Организирана исхрана од компанијата;
- Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk