За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
Градежен инженер
Доколку си градежен инженер со страст за проектирање, надзор и реализација на индустриски проекти, ова е твојата шанса.
👷♂️ Работни задачи:
- Водење и координирање на проекти до нивна реализација
- Изработка на проектна и техничка документација
- Надзор и учество во буџетирање и техничка спецификација
- Соработка и контакт со надворешни компании при изработка на проектната документација и изведба на проектот
- Изработка на буџети за инвестиција
🎯 Квалификации:
- Висока стручна спрема од областа на Градежен факултет
- Минимум 2 години релевантно искуство
- Лиценци за проектирање и надзор („А“ или „Б“)
- Познавање на AutoCAD и Microsoft Office
- Добро познавање на деловен англиски јазик
- Возачка дозвола Б-категорија
- Тимски играч со силни комуникациски и организациски вештини
💼 Нудиме:
- Конкурентна плата и награди според резултати
- Можности за личен и професионален развој
- Работа во стабилна и интернационална компанија
- Организиран превоз и исхрана
- Полно работно време од 07:00 до 15:00 или од 08:00 до 16:00ч.
- Приватно здравствено осигурување и колективно животно осигурување
- 24/7 осигурување од незгода
- Износ за регрес за годишен одмор над законскиот минимум
- Новогодишен надоместок
- Бесплатна месечна членарина со пристап до 1000+ спортски и велнес активности
📩 Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Ристо Равановски 2-1/3,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899
rabota@esi.mk, www.esi.mk