За наш реномиран клиент кој е 30 години на пазарот за висококвалитетни алуминиумски производи во над 60 земји ширум светот, компанија која брои над две илјади вработени, има потреба од проширување и збогатување на својот тим со: |
|
Инженер за техничка поддршка (Скопје) Бараме мотивиран и стручен Инженер за техничка поддршка кој ќе биде клучна алка меѓу нашите производи, клиентите и техничките решенија. Оваа позиција е идеална за лице кое ужива во инженерски предизвици, има око за детали и сака да работи во динамична средина каде што техничкото знаење се комбинира со практична примена и директна комуникација со професионалци од различни сектори.
|
|
Опис на работни задачи: Обезбедување техничка поддршка за архитекти, инженери, клиенти и колеги Изработка на технички решенија и конструкциски дизајни во AutoCAD Спроведување статички анализи за избор на соодветни профили Посета на клиенти и градилишта за техничка обука и поддршка Подготовка и ажурирање на технички презентации и документација Следење и анализа на конкурентски системи и предлози за подобрување Внесување и следење на проекти преку CRM систем Соработка со оддели за развој, продажба и логистика Квалификации: Диплома од технички факултет (машинство, градежништво, електро или сродна област) Одлично познавање на AutoCAD (2D и 3D) Напредно користење на MS Office Познавање на CRM системи ќе се смета за предност Високо развиени комуникациски и аналитички вештини Способност за управување со време и поставување приоритети Одговорност, прецизност и ориентираност кон решенија Одлично познавање на англиски јазик Возачка дозвола – Б категорија Нудиме: Работа на полно работно време од 08:00 до 16:00 часот. Прекувремена работа, ретко, по потреба и истата се доплаќа. Договор за вработување на определено време од 3 месеци со можност за продолжување или трансформирање на договорот на неопределено време. Обука обезбедена од компанијата Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Своите биографии испратeте ги на rabota@esi.mk и или аплицирајте директно на www.esi.mk |
|
ЕСИ (Employment Services International) ул. Ристо Равановски 2-1/3,1000 Скопје
|
|