ЈАВЕН ПОВИК
ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР - СКОПЈЕ
За пополнување на следните работни места:
1. Одржувач на јавна хигиена - 51 (педесет и еден) извршите:
Опис на работните задачи:
- Секојдневно извршување на работни задачи и активности за одржувањето на јавната чистота на територијата на општината: редовно собирање хартија, фрлени отпадоци од храна, предмети, облека и друга нечистотија од јавните прометни површини, редовно метење на улиците и тротоарите,
- Собирање и утовар на отпадот во возило и/или соодветен сад;
- Чистење околу контејнерите и депонирање на сметот на определеното место
- Во зимски услови чистење на снегот од тротоарите и улиците и фрлање на сол и песок;
- По потреба, чистење на јавните прометни површини од кал и песок и вршење нивен утовар во специјално возило
- Редовното празнење на корпите за отпадоци поставени на тротоарите, покрај станбените и деловни објекти и во парковите,
- Собирање на расфланиот смет околу корпите за отпадоци,
- Се грижи за опремата за собирање на отпад да не дојде до нејзино оштетување;
- Редовна замена на оштетената опрема со нова
- Одржување на хигиена на корпите за отпад
- Редовно одржување на чистотата на зелените површини во зимските услови, чистење на снегот и снежните наноси од зелените површини
- Косење на трева,
Паричен нето износ на плата: 24.379,00 денари
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-сабота
- Работни часови неделно: 40
- Работно време:
- понеделник до петок од 07:00 – 14:00 часот / 06:00 – 13:00 часот
- сабота од 07:00 до 12:00 часот / 06:00 – 11:00 часот
2. Ракувач со лесни градежни машини - 10 (десет) извршители
Опис на работните задачи:
- врши расчистување на површини, ископ на земја, затрупување на ровови и други земјени работи
- врши расчистување на диви депонии , порамнување на земјиште и слични градежни работи
- врши чистење на снегот и снежните наноси во зиски услови,
- собирање на песок и кал од улиците и тротоарите и слично.
- ракува со земјоделски машини во подигање , уредување и одржување на зелените површини
- се грижи за машината и ја одржува технички исправна, води контрола за состојбата на горивото, мазивата, хидролот, антифризот и други флуиди;
- периодично чистење и подмачкување на машината и други ситни поправки, за поголеми дефекти го известува раководителот на одделение;
- води евиденција на работните часови на возилото во ефективни и неефективни за време на работењето;
- води контрола за горивото со кое е задолжен при работа на терен и врши контрола на неговата потрошувачка;
- се грижи за алатот и опремата од машината
- се грижи за примена на мерките за безбедност и здравје при работа
- секојдневно миење на машината
Паричен нето износ на плата: 25.378,00 денари
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-сабота
- Работни часови неделно: 40
- Работно време:
- понеделник до петок од 07:00 – 14:00 часот / 06:00 – 13:00 часот
- сабота од 07:00 до 12:00 часот / 06:00 – 11:00 часот
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
Посебни услови
- завршено минимум основно образование
- со или без работно искуство
Работниците ќе бидат ангажирани на определено работно време согласно потребите на работодавецот.