ЕСИ (Employment Services International) за потребите на свој клиент, познат ланец на продавници на брендирана облека во Т.Ц EAST GATE MALL , објавува оглас за работна позиција:
МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК НА ПОЛА РАБОТНО ВРЕМЕ
Опис на работни задачи:
- Примање на роба;
- Заверување на роба во систем;
- Редење на роба во систем;
- Комуникација и координација со останатите членови на персоналот;
- Останати работни задачи по наредба на сменоводителот во зависност од потребите на работата.
Бараме:
- Завршено ССС;
- Работното искуство не е задолжително, но ќе се смета за предност;
- Основно познавање на англиски јазик;
- Основно познавање на компјутерски програми
- Одлични организациски и интерперсонални вештини;
- Одговорност, професионалност и флексибилност;
- Стручен и професионален пристап кон работата;
Наша понуда:
- Работно време: 20 часа неделно - во две смени;
- Платена обука од страна на работодавачот;
- Договор за вработување на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување;
- Годишен одмор согласно ЗРО;
- Атрактивни месечни примања;
Своите биографии може да ги испратите на rabota@esi.mk, со задолжителна назнака за позицијата за која аплицирате или аплицирајте директно преку копчето АПЛИЦИРАЈ!
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју.
Сите останати апликации ќе бидат третирани со максимална доверливост.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk
|