ЕСИ (Employment Services International) за потребите на водечка Компанија од областа на производство на леб заради зголемен обем на работа, има потреба од:
МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК ВО МАГАЦИН ЗА БРАШНО (Аеродром,Скопје)
Потребни квалификации:
- ССС – Средна стручна спрема;
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност, но не е задолжително;
- Способност за работа под притисок;
- Добра психофизичка подготвеност.
Опис на работните задачи:
- Врши утовар и растовар на стоката во магацинот;
- Врши редење, складирање на производите според работниот распоред, работните процедури и дадените упатства;
- Врши манипулативни работи во магацинот (чистење и транспорт со прирачни средства);
- Се грижи стоката да биде наредена и во исправна состојба на соодветно наменети палети и во соодветна амбалажа;
- Финансиски и материјално е одговорен за суровините, производите и амбалажата;
- Ја одржува хигиената во просториите каде што работи;
- Извршува работи и работни задачи кои произлегуваат од системот за квалитет и безбедност на храна;
- Извршува и други работи и работни задачи по налог на претпоставениот;
- За својата работа одговара пред Главниот магационер и супервизорот за магацин.
Нудиме:
- Време на вработување: на определено време со можност за продолжување;
- Работна недела: 40 часа неделно;
- Работно време од понеделник до сабота по 6часа и 40 минути, со почеток од 07.00 часот наутро.
- Основна нето плата:18.000,00 ден.·
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
Ќе бидат контактирани сите кандидати, кои ги исполнуваат општите услови за работа.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk