Компанијата Mozzart, како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена е на териториите на Србија, Малта, Романија, Република Српска, Македонија, Хрватска и Кенија. Со повеќе од 1000 уплатни места и околу 4.300 вработени, компанијата Mozzart убедливо е регионален лидер во оваа трговска дејност. Нашата работна политика е заснована на модерните принципи на работење, постојано унапредување на услугите и сфаќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно опкружување кое придонесува кон развојот на способностите, знаењето и кариерата на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач.
За потребите на нашето седиште во Скопје потребен ни е:
МЕНАЏЕР ЗА КОРПОРАТИВНИ ПРОЦЕСИ
- Стручна поддршка во процесот на усогласување и работењето на компанијaта со законите, законските прописи, правила, насоки и кодекси од надлежните органи и институции, како и поддршка во усогласувањето на интерните акти на компанијата;
- Комплетна вклученост и обезбедување на активности поврзани со друштвено одговорните дејствија на компанијата, како и активно претставување на компанијата во медиумите;
- Активно учество во сите процеси за идентификација и управување со конфликт на интереси;
- Процена на ефикасноста на контролните фактори со кои се утврдува усогласеноста на работењето на компанијата со законските регулативи, како и континуирано следење и унапредување на истите;
- Редовно известување на раководството во компанијата за измените и дополнувањата во законските промени, нивното влијание на работењето на компанијата, како и следење на процесот на почитување на истите од страна на вработените во компанијата;
- Развивање на соодветни програми и планови за обука во областа на своите надлежности, односно, во согласност со ризиците, да врши усогласување во областите како што се: спречување на перење пари и финансирање тероризам, морални и професионални кодекси на однесување, управување со приговори од клиенти;
- Активно учествува во сите активности поврзани со навремено добивање или обнова на сите видови дозволи, одобренија, согласности, лиценци и сл. кои се од суштинско значење на работењето на компанијата, за одредени производи, за обнова на сертификати и лиценци кои се потребни на компанијата;
- Поддршка при мониторинг , следење, евалуација, ре-евалуација на сите видови на ризици, нивно препознавање, како и утврдување на мерките за нивно отстранување;
- Координација и/или надзор во примена на безбедносните мерки во сите организациони единици, како и известување за успешноста на мерките;
- Комуникација, управување и организација на пристапот на компанијата во кризни ситуации.
- Универзитетска диплома/постдипломски студии, предност ќе имаат кандидатите со Економски или Правен факултет;
- Најмалку 3 годишно работно искуство на исти или слични работни позиции;
- Добро познавање на законските прописи;
- Познавање од индустријата од игри на среќа;
- Активно познавање на англиски јазик;
- Познавање и работа на MS Office пакетот;
- Изразени интерперсонални и комуникациски вештини;
- Лидерски вештини;
- Способност за преговарање;
- Аналитичност;
- Способност за решавање на проблеми и конфликти;
- Прецизнос, одговорност и посветеност на работата;
- Способност за работа во тим.
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија примарна цел е воспоставување и подигнување на стандардите во областа на спортското обложување во Македонија, како и на Источна Европа, Вашето CV заедно со Вашето мотивационо писмо испратете ги на: job@mozzartbet.mk или Аплицирајте директно со притискање на копчето ,,АПЛИЦИРАЈ''!. Во насловот на е-маилот (subject) задолжително наведете ја работната позиција за која конкурирате.
Краен рок за поднесување на пријавите е 03.12.2020 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Нецелосните пријави, нема да бидат земени во предвид.
Друштво за приредување на игри на среќа
ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје
Ул. 8-ми Септември бр.16-Карпош, Скопје
Емаил: job@mozzartbet.mk