За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
Помлад сметководител
Доколку си лице со аналитички ум и внимание на детали, одговорен и професионален, со интерес за финансиски и даночни процеси, ова е твојата шанса.
Работни задачи:
- Обработка и контрола на влезни фактури, ДДВ, акциза и царина
- Подготовка на извештаи и налози за плаќања кон надлежни органи
- Проверка на исправност на даночни пресметки и законска усогласеност на документи
- Поддршка на месечни, квартални и годишни финансиски процеси
- Тимска соработка и извршување задачи согласно процедурите за менаџмент системи
Квалификации:
- Висока стручна спрема од областа на Економски факултет
- Познавање на Microsoft Office
- Познавање на деловен англиски јазик
- Работно искуство е предност, но не е задолжително
Потребни вештини и компетенции:
- Комуникациски вештини
- Аналитички вештини
- Способност за работа во тим
- Одговорност и доверливост
- Ориентираност кон резултати
- Професионализам и висок етички стандард
Нудиме:
- Конкурентна плата и награди според резултати
- Можности за личен и професионален развој
- Работа во стабилна и интернационална компанија
- Организиран превоз и исхрана
- Полно работно време од 08:00 до 16:00ч.
- Приватно здравствено осигурување и колективно животно осигурување
- 24/7 осигурување од незгода
- Износ за регрес за годишен одмор над законскиот минимум
- Новогодишен надоместок
- Бесплатна месечна членарина со пристап до 1000+ спортски и велнес активности
📩 Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Ристо Равановски 2-1/3,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899
rabota@esi.mk, www.esi.mk