Приватната агенција за вработување (ЕСИ) за вработување кај нашиот реномиран клиент од банкарскиот сектор, е во потрага по квалификуван и мотивиран кандидат на позицијата:
Проценител – Проценител за машини, опрема, возила и подвижни ствари (Скопје)
ЗАДАЧИ:
- Извршување на сите фази на проценителскиот процес.
- Врши проценки и услуги поврзани со проценка на имот.
- Оценува извештаи за извршени проценки од страна на надворешни и внатрешни проценители.
- Врши посета и увид во понуденото обезбедување (подвижен и недвижен имот).
БАРАМЕ:
- Универзитетска диплома во релевантна област (Машински факултет).
- Најмалку 5 години релевантно работно искуство во областа на процена за машини, опрема, возила и подвижни ствари.
- Професионална квалификација – Лиценциран проценител.
- Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи.
- Кандидатот треба да биде способен/на да работи независно и самостојно, со органичена супервизија.
- Значајни аналитички и презентациони способности и способност за писмено известување.
- Активно познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и стручно и напредно користење на MS Office.
НУДИМЕ:
- Можен почеток со работа: Веднаш
- Работно време: од 8:00 / 09:00 до 16:00 / 17:00 часот
- Годишен одмор: Согласно ЗРО и КД
- Обука реализирана од страна на ментор
- Времетраење на вработувањето: на определено време со можност за трансформирање на договорот на неопределено време
- Конкурентни месечни примања со други додатоци на плата како, стимуланси, бонуси, приватно здравствено осигурување.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk
|