За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
РАКОВОДИТЕЛ ЗА ТРГУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА (реон Скопје)
ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Зголемување на енергетското портфолио во делот на тргување со електрична енергија и соодветно зголемување на бројот на корисници во балансната група на ОКТА
- Координација и планирање на количините на електрична енергија потребни за тргување на дневна, месечна и годишна основа
- Преглед на трансакции со електрична енергија
- Преглед на билансните податоци за електрична енергија
- Евалуација на доставени понуди од тендери за трговија со електрична енергија Координација на трансакциите за доставена електрична енергија до соодветни институции.
- Координација на договорите за трговија со електрична енергија, како и договори со клиенти, снабдувачи со енергија и трговци
- Обработка на документација за упрaвување со ризик за клиенти кои тргуваат со електрична енергија
- Обработка на CCP за клиенти кои тргуваат со електрична енергија
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Висока стручна спрема од областа на Електротехника, Машинство или Економија
- 3+ години релевантно искуство во трговија со електрична енергија, особено во трговија на големо (предност за искуство во трговија со регионални берзи)
- Детално познавање на мрежните правила за пренос и дистрибуција
- Добро познавање на MS Office (Excel, Word, PowerPoint)
- Солидно познавање на деловен англиски јазик
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Силни интерперсонални и комуникациски вештини
- Добри организациски вештини
- Способност за решавање проблеми и ориентираност кон тимска работа
- Одговорност и посветеност кон работата
- Мобилност и флексибилност
НУДИМЕ:
- Работа во интернационална компанија
- Конкурентна плата.
- Организиран превоз од компанијата, до и од работно место.
- Приватно здравствено осигурување
- Организирана исхрана од компанијата
- Регрес за годишен одмор во поголем износ од законски пропишаниот
- Новогодишен надоместок
- Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
- Можност за кариерен развој.
Доколку ги исполнувате на ведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Ристо Равановски 2-1/3, 1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk