За вработување кај наш реномиран клиент кој се занимава со големопродажба и малопродажба на вински производи како и ресторански услуги, има потреба од зголемување на тимот со позицијата:
РЕФЕРЕНТ ЗА МАТЕРИЈАЛНО КНИГОВОДСТВО (РЕОН СКОПЈЕ-ВЕЛЕС)
ЗАДАЧИ:
- Изготвување на анализи и извештаи (во excel);
- Изработка на фактури, финансиски одобренија, одобренија за вратена роба, ажурирање на база со нови артикли, коминтенти, промена на цени;
- Сложување на книговодствени картици;
- Сложување на попис и утврдување на разлики од попис;
- Изготвување налози;
- Изготвување на дневни и месечни извештаи,како и сите останати работи кои произлегуваат од позицијата;
БАРАМЕ:
· ССС Економски техничар или Економски факултет
· Пожелно минимум три години работно искуство на иста или слична позиција;
· Солидно познавање на MS Office оперативнивен систем;
· Солидно познавање на Англиски јазик;
· Амбициозна и комуникативна личност;
· Способност за самостојна работа и работа во тим;
· Желба за професионално развивање и обука.
НУДИМЕ:
- Обезбеден превоз и топол оброк.
- Обезбедена обука.
- Работно време: понеделник до петок од 08-16 часот
- Договор на неопределено
- Солидни месечни примања
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Ристо Равановски 2-1/3, 1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk
|