Приватната агенција за посредувањеи вработување ЕСИ, во име на свој реномиран партнер од областа на модните додатоци и малопродажбата, објавува оглас за работна позиција:
Retail Sales Manager
Нашиот партнер, успешна и стабилно растечка компанија која делува во доменот на модните додатоци и современата малопродажба, бара високо мотивиран, резултатно ориентиран и динамичен Retail Sales Manager кој ќе придонесе кон понатамошен развој и проширување на продажната мрежа.
Клучни одговорности:
- Развивање и имплементација на продажна стратегија во зададениот регион.
- Следење на пазарните трендови и идентификација на нови деловни можности.
- Управување со регионалните продажни тимови и поддршка во нивниот професионален развој.
- Анализа на продажни резултати, подготовка на извештаи и предлози за подобрување.
- Градење и одржување на партнерски односи со постојни и потенцијални клиенти.
- Активна соработка со маркетинг, логистика и менаџмент тимот за оптимизирање на процесите.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома (предност: економија, бизнис, маркетинг или сродни области).
- Најмалку 3 години искуство во продажба, од кои барем 1 година на раководна позиција. (предност ако доаѓате од Retail секторот)
- Одлични комуникациски и лидерски вештини.
- Способност за работа во брза и динамична средина.
- Познавање на англиски јазик.
- Поседување возачка дозвола Б-категорија и подготвеност за патувања.
Што нудиме:
- Работа во современа и динамична компанија со силен бренд на пазарот.
- Можност за професионален раст и унапредување.
- Стимулативни примања и бонуси базирани на резултати.
- Пријатна работна атмосфера и поддржувачки тим.
Како да аплицирате?
Испратете го вашето CV и мотивациско писмо на е-пошта: rabota@esi.mk со назнака:
„Апликација за Retail Sales Manager“
|
|
|
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Ристо Равановски 2-1/3,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk
|