Сметководственото биро Александар-АК од Скопје има потреба од сметководител. Доколку имате желба да станете дел од стабилна компанија со искуство од 22. години, со постојани предизвици и динамичен раст во работата, ова е идеалната работна позиција за Вас.
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Главни задачи на работната позиција:
- Обработка (книжење на фактури).
- Денарски и девизни изводи.
- Документи од благајничко работење (финансово сметководство).
- Навремено и ефикасно опслужување на клиентите за кои е одговорен вработениот.
- Постојана комуникација со фирмите.
Потребни квалификации на кандидатот:
- Работно искуство од најмалку 2 години во сметководство.
- Средно или високо образование.
- Познавање на Microsoft Office алатки.
- Познавање на англиски јазик.
Познавања кои дополнително ќе го издвојат кандидадот:
- Лиценца за сметководство.
- Познавање на Microsoft Excel.
- Желба за надоградување и тимска работа.
Дополнителни информации:
- Работното време се одвива од понеделник до петок, 08:00-16:00.
- Работата се одвива во канцеларија, со адреса на ул. 1613 4/5 Скопје (Ново Лисиче).
- Висината на платата е предмет на договор помеѓу работадавачот и кандидатот.
- Првичниот договор за вработување е на 3 месеци, а потоа во согласност со резултатите може да се продолжи на неопределено.
Аплицирање
- Кандидатот треба да го испрати своето CV на vrabotuvanje@aleksandarak.mk со наслов „Вработување за сметководител“, најдоцна до 31.05.2023.