Приватната агенција ЕСИ за потребите на Триглав пензиско друштво АД Скопје, чија основна дејност се состои во управување со пензиски фондови, за потребите на своето работење објавува оглас за работната позиција:
Соработник во Служба за надзор и анализа
ОДГОВОРНОСТИ:
· Дневно следење на усогласеноста на инструментите на портфолијата со законските лимити за инвестирање;
· Контрола на процесот на инвестирање;
· Следење на исполнувањето на тактиката и стратегијата на задолжителниот и доброволниот фонд;
· Известувања до регулаторот во случај на нарушување на инвестициски критериум;
· Изработка на анализи поврзани со работењето на задолжителниот и доброволниот фонд;
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:
· Да има завршено економски факултет;
· Работно искуство ќе се смета за предност;
· Одлично познавање – вербално и писмено на англиски јазик;
· Познавање на MS Office (Word и Excel);
· Аналитички способности и способност за работа во тим;
· Одлични интерперсонални и комуникациски вештини;
· Висока мотивираност и желба за надоградба;
КОМПАНИЈАТА НУДИ:
· Нудиме одлична атмосфера за работа;
· Конкурентна плата во зависност од претходното работно искуство;
· Атрактивен и уникатен пакет на дополнителни стимулации, интерни и екстерни обуки со цел побрзо вклопување и вклучување во работниот процес;
· Овозможуваме континуирано усовршување и напредување во кариерата;
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rаbota@esi.mk, www.esi.mk