За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – HELLENiQ Energy, бараме кандидат за позицијата:
Специјалист за Набавка
Клучни одговорности:
- Учество во развојот и спроведувањето на стратегиите за набавки за оперативни потреби и набавки поврзани со проекти;
- Организирање/поддржување тендери, подготвување барања за понуди, склучување договори и усогласување на целиот процес на набавки со релевантните организациони единици на компанијата;
- Анализа на пазарот и трендовите во цените;
- Oдржување односи со клучните добавувачи и даватели на услуги;
- Преговарање со добавувачи и изработка на договори;
- Следење на перформансите на добавувачите, обезбедувајќи квалитет, навремена испорака и усогласеност со договорите;
- Водење постапка за решавање на официјални жалби за испорачаната стока или реализираните услуги;
- Анализирање на трошоците за набавки и идентификување можности за заштеди;
- Предлагање оптимизација на методите и процедурите за набавки;
- Учество во изготвување на планот за набавка и следење на неговото извршување;
- Администрација на барањата и порачките за набавки во SAP.
Бараме кандидат кој:
- Има одлично познавање на англиски јазик;
- Активно работел во набавки во последниве 2 години;
- Поседува висока одговорност, иницијативност и „можам да го завршам“ пристап кон работните задачи;
- Има напредно ниво на MS Office;
- Има претходно искуство со SAP (не е задолжително, но ќе се смета за предност);
- Познава регулативи, INCOTERMS, царински прописи и техничка документација.
Пожелно образование:
Високо образование:
- Машински, Електротехнички, Економски или друг технички факултет
Што нудиме:
- Конкурентна плата и награди според резултати
- Можности за личен и професионален развој
- Работа во стабилна и интернационална компанија
- Организиран превоз и исхрана
- Приватно здравствено осигурување и колективно животно осигурување
- 24/7 осигурување од незгода
- Износ за регрес за годишен одмор над законскиот минимум
- Новогодишен надоместок
- Бесплатна месечна членарина со пристап до 1000+ спортски и велнес активности
- Пријатна, професионална и поддржувачка работна атмосфера
Доколку ги исполнувате условите и сакате да станете дел од високо професионален тим, испратете ја вашата биографија на:
📧 rabota@esi.mk – со назнака за позицијата за која аплицирате
ЕСИ (Employment Services International)
📍 ул. Ристо Равановски 2/1-3, 1000 Скопје
📞 +389 2 3246-899 | 🌐 www.esi.mk | ✉️ rabota@esi.mk