Наш реномиран клиент чија дејност е во Банкарски сектор, има потреба од зголемување на тимот со позицијата:
Трезорист (реон Скопје)
Опис на работни задачи:
- Следење и контрола на нивото на готовина
- Прием и обработка на готовина
- Подготовка на вредносни пратки
- Организирање на дистрибуција на пратки
- Опслужување банкомати
- Изготвување анализи поврзани со готовината
- Изготвување извештаи за потребите на банката
- Следење на законската регулатива и учество во изработката на интерни акти
Опис на профилот на бараниот кандидат:
- ВСП – Економски факултет, Бизнис- администрација или сродна област
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на Microsoft Office
- Возачка дозвола Б-категорија
Опис на барани особини од бараниот кандидат:
- Динамична личност со способност за преземање иницијативи
- Одлични организациски и комуникациски вештини
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
- Висок личен интегритет
- Деловен и професионален однос
- Подготвеност за работа во смени како и за време на празници и викенди.
Нудиме:
- Можен почеток: Веднаш
- Вработување на определено време со можност за трансформирање на неопределено време
- Работно време: од 08.00ч / 09.00ч – 16.00ч – 17.00ч
- Солидни и навремени месечни примања
- Обезбедена обука од страна на ментор
- Можност за континуиран професионален развој
- Работната позиција и месечниот надомест ќе бидат утврдени согласно искуството и квалификациите на кандидатот
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk