🌍 ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
УПРАВИТЕЛ НА ДРУШТВОТО ЗА ТУРИЗАМ, УСЛУГИ И ТРГОВИЈА ИЗВИДНИК ДООЕЛ СКОПЈЕ
Сојузот на извидници на Македонија бара енергичен и визионерски Управител кој ќе го води Друштвото и ќе управува со Извидничкиот Центар Охрид – уникатен простор за сместување, кампови, тренинзи, меѓународни програми и активности за млади.
✨ Што ќе работите?
- Ќе го организирате секојдневното функционирање на Центарот и ќе се грижите за неговиот развој.
- Ќе планирате настани, кампови и програми, во соработка со домашни и странски организации.
- Ќе управувате со финансии, договори и административни процеси.
- Ќе водите тим, ќе обезбедувате стандарди за квалитет и безбедност.
- Ќе креирате стратегии за промоција и развој, и ќе градите партнерства со туристички и образовни институции.
🎯 Кого бараме?
- Лице со високо образование (се смета за предност Економски Факултет, Бизнис и менаџмент или правен)
- Искуство во управување на административни и финансиски процеси.
- Познавање на законска регулатива за ДООЕЛ и англиски јазик.
- Одлични организациски и комуникациски вештини.
- Одговорност, интегритет и способност за самостојно носење одлуки.
- Предност: искуство со млади и организација на настани.
📌 Услови
- Полно работно време, вработување на неопределено.
- Плата: по договор.
- Управителот директно одговара пред Сојузот на извидници на Македонија.
Доколку сакате да аплицирате, треба да испратите кратко мотивациско писмо и професионална биографија (CV) на e-mail: sim@scout.org.mk најдоцна до 05.12.2025 година.
Напомена: Основачот на Друштвото го задржува правото да не избере ниту еден од пријавените кандидати.