|
За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
ВОЗАЧ ВО СЕКТОР АДМИНИСТРАТИВНИ УСЛУГИ
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Врши превоз на лица за потребите на Друштвото, во земјата и странство
- Се грижи за исправноста и хигиената на возилата што ги користи
- Врши редовни контроли за исправноста и видливи надворешни и внатрешни штети на возниот парк на компанијата
- Организира разни активности поврзани со одржување на возниот парк на компанијата (перење на возила, годишно менување гуми, редовни и вонредни сервиси и слично),
- Води ред за паркинг условите пред административна зграда на ОКТА
- Доставува поштенски материјал и врши друга услуга од помош на служба Архива
- По потреба врши курирски услуги за компанијата
- Изготвува разни извештаи во врска со возниот парк на компанијата (за патарини, паркинг, помината километража и сл.)
- Помага при изготвување и спроведување на договорот за организиран превоз на вработени
- Извршува други работни задачи дадени од претпоставениот
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Средна стручна спрема
- Претходно работно искуство со превоз на лица ќе се смета за предност
- Основно познавање на англиски јазик
- Основно познавање на МS Office
- Б-категорија возачка дозвола
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Добри комуникациски вештини;
- Мобилност;
- Ориентираност кон тимска работа;
- Доверливост и лојалност;
- Одговорност;
- Професионален однос
НУДИМЕ:
- Работа во интернационална компанија
- Приватно здравствено осигурување
- Колективно животно осигурување и 24/7 осигурување од незгода
- Регрес за годишен одмор во поголем износ од законски пропишаниот
- Новогодишен надоместок
- Бесплатна месечна членарина со пристап до над 1000 спортски и велнес активности
- Работа во позитивна средина;
- Интерна обука за работното место;
- Годишен одмор согласно законот на работни односи
- Превоз обезбеден од компанијата до и од работното место;
- Обезбеден топол оброк
- Солидна нето плата со можност за напредување;
- Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
Ул.Ристо Равановски Бр.2- 1/3
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk
|