15 навики за да си ја зголемите енергијата додека сте на работа
Сите ние секојдневно искусуваме моменти во текот на денот кога ни паѓа нивото на енергија, дури и за време на работните часови.
Тогаш знаеме да бидеме и комплетно непродуктивни.
Но, за да ја намалите појавата на ниска енергија во текот на денот, можете да почнете да практикувате неколку навики кои секојдневно ќе ви помагаат да си го враќате нивото на енергија.
15 навики за брзо враќање на енергијата и продуктивноста додека работите:
- Изложувајте се на сонце барем половина час, за време на пауза.
- Вежбајте редовно.
- Намалете на шеќерите и грицкајте здрави ужини за време на работните часови.
- Расчистете си ја работната маса.
- Потоа продолжете и со целокупната канцеларија, доколку имате индивидуална.
- Од прозорите нека Ви влегува секогаш светлина.
- Пијте барем една чаша лимон со вода.
- Обидете се да се туширате со студена вода.
- Не заборавајте да појадувате.
- Јадете повеќе протеини рано наутро.
- Постојано пијте вода за да бидете хидрирани.
- Слушајте музика.
- Затворете ги очите, барем за момент, за да се релаксирате.
- Одвојте време за смеење.
- Дишете длабоко, барем кога ќе почувствувате пад на енергијата.