Новогодишните и божиќните празници полека, но сигурно, ни доаѓаат и додека имаме малку време да одмориме, сепак, работата наеднаш не сопира.
Дури и за регрутерите.
Овој период е добро познат по нискиот број на кандидати кои аплицираат за одредена работна позиција. Оние кои веќе се вработени дупло повеќе се двоумат дали да ја напуштат старата работа за нова…
А, од друга страна, бројот на отворање на позиции не се намалува.
За да се одвива непречено работата, може да се употребат различни методи за регрутација надвор од оние стандардите кои вообичаено значат огласување на одредена работна позиција.
Пример:
Употреба на сопствена мрежа на познаници
Во овој период посебно може да помогне поседувањето на голема контакт листа од која можете да извлечете квалитетен кандидат.
Брендирање
Многу е важно кандидаите да бидат запознаени со компанијата како бренд за да се решат да аплицираат на одредена работна позиција. Од таа причина, важно е да бидете познати на пазарот на трудот.
Социјални медиуми
Денес речиси секој работобарател ги употребува социјалните мрежи, дури и за да пронајде работа. Токму затоа, важно е постојано да бидете присутни на социјалните мрежи.
Мобилна присутност
Денес паметните телефони за многу луѓе ги заменија персоналните компјутери, од таа причина добро е страната за апликација да ви биде поедноставена и да може секој потенцијален кандидат да аплицира и преку својот паметен телефон.