Пронаоѓањето на соодветен кадар за одредена работна позиција е клуч за успех на било која компанија. Тоа не само што помага на компанијата да ги оствари своите цели, туку и да се проширува и развива.
За жал, процесот на вработување не е секогаш лесна задача.
Понекогаш се случува да направите погрешна процена и да ангажирате лице кое не е соодветно ниту за позицијата, ниту за организацијата, без оглед на тоа колку претходното работно искуству соосдветствува на барањата за пополнување на позицијата.
А, тоа можете веднаш да го препознаете по 4 клучни работи:
Секоја компанија, без оглед на големината, има своја култура која рефлектира кои се лицата кои работат во истата и какви вредности негуваат. Културата е таа која прави организацијата да изгледа како една целина и која помага сите во неа да работат како тим.
Ако нововработеното лице не се вклопува во таа култура, веднаш станува јасно дека нема да може ниту во иднина да се вклопи и потенцијално нема да напредува и да биде успешно при извршувањето на работните обврски.
Кога лицето не се пронаоѓа во работната култура и не може да се вклопи во средината, почесто станува непродуктивно и има тенденција да почне да се жали и од работата и од своите задачи. Тоа може да биде токсично за работното место, па понекогаш најдобро е веднаш да заврши работниот однос.
Квалитетниот работник веднаш можете да го препознаете по тоа што и покрај тоа има специфично одредени работни задачи се труди и повеќе од првично зададените задачи и јасно е дека сака да успее и да напредува во компанијата каде моментално работи.
Понекогаш, посебно на почетокот, потребно му е одредено време на нововработениот да се прилагоди на новата работа средина и да заборави на старата. Но, доколку се навраќа на старата работна средина и тогаш кога поминал извесен период, јасно е дека нема да се навикне на новата средина и нема да биде продуктивен член на компанијата.