Поимот интроверт во последно време, често ќе го најдете на социјалните мрежи, понекогаш со позитивна конотација, а понекогаш и со негативна конотација.
Судејќи според она што најчесто можеме да го прочитаме на социјалните мрежи, поимот многу луѓе погрешно го сфаќаат.
Како за почеток, поимот интроверт / интроверзија не значи:
Интровертите, по дефиниција, повеќе се фокусирани навнатре, отколку нанадвор. Почесто, енергија добиваат од времето кое го поминуваат сами со себе или со мала група на пријатели. Екстровертите повеќе се фокусирани на светот околу себе и енергија црпат од екстерните стимулуси. Екстровертите преферираат да бидат покрај големи групи на луѓе.
Ниту едниот, ниту другиот тип на личности не се супериорни едни на други. Напротив, здравата работна средина е мешавина и од двата типови.
Она што го поседуваат високо интровертните луѓе, се следниве 5 ефикасни работни навики:
Ако сакате брзи решенија, за тоа најдобро ќе ви послужат екстровертите. Од друга страна, ако сакате да креирате процес каде секое сценарио е однапред предвидено и испланирано, тука ќе ви се најде интровертот.
Интровертите, спротивно на верувањето, се ефикасни лидери. Успешно можат да ги тренираат нововработените, да мотивираат и да даваат конструктивни забелешки.
Екстровертите се оние кои се најдобри за топло добредојде, но од друга страна пак, интровертите се тие кои формираат поблиски пријателства на работното место.
Ако ви треба одредена работа да биде завршена индивидуално, дајте ја на интроверт и бидете сигурни дека ќе биде завршена ефикасно и ефективно.
Вообичаено знаат да бидат задоволни и само со успешно завршена задача.