Описите на работните места не користат само кога сте во потрага по нови лица кои ќе станат дел од вашата компанија и објавувате оглас за отворени работни позиции, туку и подоцна за процена на успешноста во извршувањето на задачите на работниците.
Затоа, вреди да посветите доволно време и внимание за јасно да ги дефинирате позицијата, работните задачи и одговорности и способностите, вештините и доблестите кои треба да ги поседува личноста за да може комплетно да ја врши својата работа и улога во компанијата.
Од таа причина, покрај тоа што треба да посветите доволно внимание на работите кои сакате да ги има на „чек листата напишана на хартија“, треба да се потрудите и да ги избегнете следниве грешки:
Користите терминологија која ја знаат само вашите вработени
Обидете се да се „симнете“ едно скалило подоле за да можат да ве разберат потенцијалните кандидати за тоа што сакате и што барате од нив. Обидете се да бидете што е можно појасни и концизни.
Заборавате на добрата структура
Описот на работното место е квалитетен само тогаш кога сте одвоиле доволно време да направите да изгледа јасно на прв поглед и уште појасно кога потенцијалниот кандидат го чита за да продолжи понатаму и ги остави своите информации во форма на биографија.
Во пракса, најдобро е да употребувате потточки јасно одвоени една од друга и јасно опишани.
Нереалистични се и барате премногу
Наведете што точно се бара и што треба да знае работникот за да ги извршува задачите кои се бараат од него, но не треба да претерувате со бројот и тежината на задачите и одговорностите.
Дискриминирате
Кога сте во потрага по нов работник секогаш морате да имате на ум дали потенцијално дискриминирате со барањата. Пример, не смеете во ниту еден случај да наведувате пол на лицето кое барате да го вработите доколку нема законска и логична основа за тоа.
Исто така, за една форма на дискриминација се смета и тоа кога претерувате со барањата. Пример, ако барате маркетинг менаџер со минимум 10 години работно искуство постои можност да ги изгубите потенцијалните помлади кандидати кои исто така добро можат да си ја вршат својата работа.
Негативни сте
Кога наведувате одредени барања, не е пожелно да бидете негативни. Пример, кога ви требаат лица со работно искуство не е добро да наведувате „лицата кои немаат работно искуство, нема да бидат земени предвид“. Подобро е учтиво да напоменете дека „за извршување на задачите на работното место важно е лицето да има минимум 5 години работно искуство“.
Мистериозни сте
Јасно наведете што точно барате од потенцијалниот кандидат за подоцна во процесот на вработување да нема забуни од двете страни. Пример, ако лицето треба да вози автомобил за да ја врши својата задача, јасно наведете дека треба да поседува возача со Б категорија.