LinkedIn секоја година прави истражување и ги открива топ компаниите кои се највисоко рангирани според активностите на своите корисници кои моментално достигнуваат бројка над 500 милиони.
Како ја склопуваат листата?
Листата на топ компании според LinkedIn се прави на база на неколку информации: во колкава мера луѓето ги следат огласите и аплицираат на нив, колку лица кои не се вработени во одредена компанија наоѓаат начини да се поврзат со истата и дали работниците остануваат да работат во компанијата повеќе од една година.
Кои компании се на врвот на листата на глобално ниво и што можете да научите од нив како компанија?
Она што може да направи една компанија да биде успешна е целата да се креира иднина за целиот свет. Новитетите кои оваа компанија ги воведе на светско ниво прави вработените својата посветеност на работата да ја гледаат и како посветеност кон иднината на човештвото.
Новите предизвици и идеи се секогаш добредојдени и секако носат успеси на компаниите, а тоа можете да го научите и примените по примерот на „Amazon“.
„Луѓето се изненадени кога ќе слушнат дека работењето во „Amazon“ е како да работите во повеќе старт-ап компании. Тука постојано се тестираат и поставуваат во продажба нови производи, бизниси и услоги“ – велат од „Amazon“.
Луѓето се социјални битија во потрага да се поврзат со светот и другите околу себе во мрежа. Тоа многу добро го знаат и употребуваат во „Facebook“.
„Uber“ се соочува со многу предизвици и „невремиња“ на морето наречено глобален економски пазар, но сепак, како компанија е 4-та на листата на топ компании според „LinkedIn“.
Многумина би се запрашале: Зошто? Бидејќи за многумина цврстата, строга и непредвидлива култура знае да биде привлечна. Она што многу луѓе денес ги мотивира да работат подобро и понапорно е идејата дека така одат напред.
Ако секоја компанија се води од тоа да креира и комплетно да се посвети на своите производи, тогаш постои голема сигурност дека ќе биде успешна. „Apple“ тоа одново и одново го потврдува.
„Salesforce“ се познати по тоа што многу внимаваат на работната култура и се посветени на секој вработен како индивидуа. Работните обврски се секаде исти, но луѓето покрај кои работите не, а токму тоа може да направи одредена компанија да биде поуспешна од друга.
Не е важно од која земја сте, важно е да се вклопувате компанијата и тоа е сосема доволно за да станете дел од неа. Покрај тоа, во оваа компанија работниците имаат дополнителни 5 до 10 недели годишно, на страна од платениот одмор, за лични потреби.
За овој луксузен бренд се работи под мотото „L’Art de Vivre“ односно, уметност на живеењето. Компанијата во главно, функционира преку интерна мобилност, односно речиси 75% од менаџерските позиции се пополнуваат само со напредување на веќе вработените.
Филозофијата на оваа компанија е дека никој не е премногу млад за да биде лидер. Дури и моменталниот извршен директор на „L’Orèal“ започнал како практикант во 1978-та година.
Сакате да работите од дома, сами да си ги одредувате часовите кога се посветувате на работата и истата да ја завршувате по свој тек? „Dell“ го остварува тој сон за сите свои вработени.
Она што секоја од овие компании ги прави посебни е тоа што се грижат за секој вработен како индивидуа, се трудат да креираат позитивна и мотивирачка култура на работење и се стремат кон иновација.
Колку вашта компанија се води од овие организациски цели?