Според списанието „Inc.“, посебно за малите бизниси, од голема важност е функционирањето на тимот, бидејќи „луѓето мораат да работат заедно, да имаат поголем број на одговорности и ефикасно да ги завршуваат задачите.“
А, бидејќи работењето на тимот е од најголема важност, следствено и „тим билдингот“ е од огромна важност.
Што добива бизнисот со планирање на „тим билдинг“ активности, односно зошто се важни овие активности?
Активностите кои креираат дискусија создаваат можност за подобра комуникација меѓу вработените и меѓу вработените и менаџментот на компанијата. А, со подобрувањето на комуникацијата се зголемува и квалитетот на работата.
Активностите за „тим билдинг“ го зголемуваат факторот на доверба межу вработените, а со тоа се отвора и можноста за поголема соработка. Довербата е меѓу една од најкритичните и најважни аспекти на тимската работа.
Било какви потенцијални конфликти полесно се разрешуваат кога постои доверба меѓу вработените, расположение за соработка и заедничко решавање на проблемите.
Водењето на тимот и „тим билдингот“ одат рака под рака. Колку повеќе вработените се чувствуваат удобно во сопствената кожа и удобно да работат во одредена атмосфера, толку се посамоуверени и мотивирани да ги постигнат целите на компанијата.
Изнесувањето на тимот надвор од канцеларијата овозможува доживување на нови искуства на вработените и ги тера да размислуваат „надвор од кутијата“ односно, се промовира зголемување на креативноста на вработените. Вработените полесно и побрзо доаѓаат до „свежи идеи“ кои ги носат со себе и во канцеларијата.
Од една страна, новите искуства ја зголемуваат креативноста на вработените, а од друга страна, исто така, заедничките активности кои подразбираат решавање на проблеми, ја зголемуваат рационалноста и способноста за стратешко размислување.
Во главно, „тим билдингот“ ја подобрува комуникацијата, ја зголемува довербата меѓу вработените, гради посилни и постабилни врски меѓу нив и со тоа ја зголемува и продуктивноста на вработените.