Сигурно сте забележале дека лицата кои се продуктивни и успешни често воопшто не изгледаат како да се под стрес, а остатокот од нас после работниот ден дома се враќаат преморени и сѐ уште под стрес од тековните настани.
Како им успева на успешните луѓе покрај тоа што се продуктивни да бидат и под минимум стрес?
Велат „работи попаметно, не понапорно“ и токму оваа изрека во голема мера одговара на прашањето.
Од друга страна, Дејвид Ален за неговата книга „Getting Things Done“ направил истражување на 2.072 испитаници кои откриваат дека продуктивните луѓе:
Како можете и вие да бидете продуктивни и под помалку стрес?
Собирајте ги сите работи кои „ви висат на глава“
Запишувајте ги сите идеи, сите прокети, сите тековни задачи. Правете си конкретни листи, праќајте си мејлови. Правете што сакате сѐ додека сте сигурни дека нема ништо да заборавите.
Концентрирајте се на најважните работи
Многу е важно да си одредите приоритетни задачи од помалку приоритетни за да бидете сигурни дека ќе ги завршите во најкраток можен рок.
Употребувајте го 2-минутното правило
Правилото вели: Ако некоја работа може да се заврши за 2 минути, направете ја веднаш, не ја одложувајте за подоцна.
Правете си преглед еднаш неделно
Дајте си доволно време на крајот на неделата да направите проценка што е завршено, а на што ќе треба да се концентрирате идната работна недела.