„Луѓето со кои работиме заедно никогаш не можат да ни бидат пријатели, туку само луѓе со кои работиме“. Ова е само еден совет кој дава повод за размислување како да се однесуваме со колегите и од работа и дали треба да држиме дистанца.
Во секој случај, постои добра причина зошто овој совет некој воопшто би се осмелил да го даде. Во основа голема е веројатноста да станеме пријатели со некој со кој работиме, но дали можноста може да се исклучи?
Ако некогаш сте имале можност да ја погледнете ТВ серијата „Grey’s Anatomy“ сигурно сте забележале дека во дел од епизодите докторките Мередит Греј и Кристина Јанг меѓусебно се нарекуваат како нивната друга „личност“ или како би рекле, другата поважна половина. Тоа значи дека можат да се потпрат една на друга и да бидат полни со разбирање една за друга.
Можеби можете добро да се соживеете со ваквата приказна, бидејќи и вие самите имате некој колега или некоја колешка со кои сте неразделни, со кои делите сѐ и секогаш сте тука еден за друг? Можеби имате и колега или колешка кои слободно можете да ги наречете „сопругот од работа“ или „сопругата од работа“ поради времето кое го поминувате заедно?
И со конкуренцијата на работа може да се спријателите
Дали имате барем една личност од работа со која слободно можете да разговарате буквално за сѐ, со која сте неразделни како за време на секојдневните 8 работни часови, така и вон работно време?
Да се вратиме на приказната за Мередит и Кристина. Нивната врска отсекогаш не беше така нераскинлива, односно, двете не беа отсекогаш така блиски и неразделни. И двете, започнаа како практиканти, како колешки почетници кои се најдоа во исклучително конкурентна атмосфера во измислената болница во Сиетл Грејс. Како поминува времето, така комплетно заборавија на конкуренцијата.
Ваквиот пријателски однос на работа не е резервиран исклучиво за измислениот свет на драмите и сериите, туку често се среќава и во реалноста.
Важно е да се има пријатели на работа
Секако, да не заборавиме, дека често знае да ни се случи и да ги презираме луѓето со кои работиме или пак, воопшто да не разговараме со нив, но за било кој барем еднаш искусил канцелариска работа, една работа е повеќе од очигледна – важно е да се имаат пријатели на работа. Ако сте среќници и не си ги презирате колегите на работа, односно ако ја имате таа среќа не само да не ги презирате колегите, туку и да сакате да бидете поблиски со нив, сигурно сакате и да бидете пријатели со нив.
Сосема е нормално да имате и да сакате да имате пријатели на работа. Во најмала рака, 8 часа од денот ви се речиси секогаш резервирани за работа, односно за поминување време во канцеларијата, што значи нормално е да сакате, свесно или несвесно, да бидете во подобар однос со колегите, ако не е и во пријателски однос.
И не само што е нормално да имате пријатели на работа, туку истите може да се покажат и како круцијални за вашиот професионален успех. Зошто? Мал број на луѓе може да ја негираат моќта на пријателството да ни го облагороди животот, па сосема логично е истата важност да може да се пренесе и на работното место, посебно затоа што како што старееме, така сѐ повеќе и повеќе време поминуваме на работа, со колегите, отколку со пријателите, дури и оние најблиските со кои некогаш сме биле неразделни.
Пријателствата на работа имаат и позитивни и негативни страни
Пријателствата на работа имаат и свои добри, но и свои негативни страни, односно, договорот на ова прашање може истовремено да биде и „Да“ и „Не“. како и за сѐ друго во животот.
Од прва рака, ако имате пријатели на работното место, истото автоматски станува попријатно место каде немате проблем да поминете 8 часа во текот на денот. Пријателствата на работа Ви помагаат да се соочите со тешкотиите, полесно да се справувате со проблемите и да наоѓате решенија за истите. Кога станува збор за проблемите, добро ни е позната поговорката дека „повеќе глави, подобро размислуваат од една“. Покрај тоа што атмосферата станува пријатна на работното место, колегите пријатели се тие кои прават да се чувствувате ценето и како да има некој кој е секогаш тука да се грижи за вас.
Да се навратиме на решавањето на проблемите и сличните работи. Колегите пријатели се тука да ви бидат потпора, односно да ви го чуваат грбот, повеќе од вообичаено, бидејќи со нив подобро се разбирате не само на професионално, туку и на лично ниво.
Замислете се во ситуација во која 3 часа ги поминувате заглавени во одредена работа и никако не можете да ја завршите, а нејзиниот краен рок, пред да ја покажете пред шефот или клиентите, полека, но сигурно, се наближува. Сигурно сте се нашле во таква ситуација, барем еднаш во вашиот професионален живот и знаете колку е добро кога се има барем една глава плус која може да Ви помогне, да Ве инспирира, да Ви даде идеја што да направите и секако, на крајот, да Ви помогне да најде решение на проблемот.
Ако имате блиски пријатели на работа, сигурно знаете дека секогаш можете да се потпрете на нив во ваквите ситуации, дека секогаш ќе бидат тука да ви дадат идеја како да продолжите понатаму или ако ништо друго, барем ќе бидат тука за вас како најголема поддршка кога сте ранливи, нервозни и имате блокада за завршување на бараната работна задача.
Колегите пријатели не само што можат да Ви помогнат, да Ве поддржат и да Ве разберат, туку можат и да ја поттикнат вашата креативност. Попријателската работна средина промовира сигурна зголемена креативност и ова не важи само за оние креативните професии како, маркетинг, рекламирање, уметност и слично, туку и во оние професии каде креативноста не е очекувана. Креативноста може да се согледа и во начинот на кој ги решавате проблемите, бидејќи ако имате поддршка од страна, тогаш многу полесно можете да излезете од вашата комфорна зона и да размислувате „надвор од кутијата“.
Да се навратиме назад во детството, кога сме биле малечки, многу ни било полесно да бидеме креативни, ако се тука мама и тато да нѐ поддржат и турнат нанапред. Така и со пријателите на работа, односно со колегите пријатели. Тие можат да бидат тука, да ни го чуваат грбот и да нѐ туркаат да размислуваме во нови правци, да откриваме нови работи, и на нов начин да ги решаваме проблемите, па дури и да бидеме креативни.
Да не заборавиме и на моментите кога едноставно, колку и да сакаме не можеме да решиме некој проблем, кога не можеме да извршиме некоја задача, кога сме заглавени и кога и покрај сите обиди, едноставно не успеваме да надминеме некоја работа. Колегите пријатели се тука за да имаме некој на кој можеме да ги пуштиме вентилите и да се ослободиме од фрустрациите. Замислете дека што и да правите го надминувате крајниот рок и добивате строги погледи, а можени и застрашувачки зборови од клиентите и шефот. На крајот на денот, после непријатниот состанок, колегата пријател е тука да Ве ислуша и полесно да се ослободите од нервозата.
Но, за жал, не е сѐ така розево.