Една од поглавните вештини кои треба да ги поседувате, без разлика на тоа на какво работно место сте или на која работна позиција, е да научите како да си ги одредувате приоритетите. Со прифаќање на едни проекти и одбивање на други, успешно можете да го контролирате квалитетот на вашата работа и поефикасно да ги завршувате обврските.
Но, за голем број на индивидуи способноста да се каже „не“ изгледа како премногу застрашувачка и сериозна.
Според едно истражување направено во Америка, дури 50% од вработените велат дека се чувствуваат како да се преплавени со обврски на работа. А, сето тоа се случува само затоа што мал број на луѓе успеваат да си одредат приоритети и понекогаш да одбијат да извршат одредено барање.
Како би можете да се научите да кажете не?
Запрашајте се неколку прашања
Дали сум правата личност за работата? Дали преземањето на одредени работни обврски ќе влијае на мојата способност да работам ефикасно и квалитетно? Ако овие прашањата укажуваат на тоа дека одредена работа навистина не е релевантна, тогаш е време да кажете „не“.
Но, како да кажете не?
Накратко: Секогаш бидете искрени за вашата работна ситуација.
Ако прикривате дека имате премногу работа може да дојде до поголема катастрофа. Нема да можете ниту една работа да ја завршите ефикасно и квалитетно, односно сѐ што ќе правите ќе се покаже како половично направено.
Понудете алтернатива
Смислете план кој ќе иума даде повеќе опции на тие кои бараат да завршите одредена работа.
Бидете отворени за идни проекти
Кажете искрено дека би биле среќни ако можете подоцна да завршите некој проект, односно дека сте отворени за идна соработка.
Не давајте изговори
Бидете искрени и директни. Не се трудете да измислувате изговори и да лажете.
Бидете полни со емпатија
Обидете се да бидете топли, добронамерни и внимателни. Искрено изразете го вашето мислење, но избегнувајте било каков тип на агресија.