Соработката и споделувањето на идеи се едни од најважните работи денес за креирање на успешен бизнис.
Во 2016, откриено е дека „идеите креирани од страна на тимови од три или повеќе луѓе имаат за 156 проценти поголемо влијание на потрошувачите отколку тие што се креирани од само едно лице или тим од двајца“.
За да креирате средина на соработка, морате да внимавате на неколку работи:
Треба да негувате вештини за соработка
ЧР Специјалците можат да негуваат средина на соработка со дополнување на софтвер, програми и нови можности за вработените.
Направете мини истраживање околу главните точки на Вашата организација за да откриете што можете да направите за да го олесните работењето како на пример, креирање на заеднички календар или имплементација на подобар систем за споделување на фајлови.
Треба да креирате постојан процес на соработка
Процесот на соработка мора да се одржува постојано. На пример, можете да организирате неофицијални состаноци секој петок и притоа да побарате фидбек од сите вработени, односно од сите кои учествувале на состанокот.
Треба да планирате настани за соработка
Испланирајте барем еден настан за соработка во текот на една половина од годината и испланирајте систем на награди. На пример, испланирајте игри на барање на вработените и победниците почастете ги со ручек на сметка на компанијата.
Треба да креирате колаборативна компанија
Соработката се негува постојано, од почетокот на ангажирањето на работниците, до планирањето на официјални и неофицијални настани, до прибирање на совети и препораки од оние за кои работите.