„Каде се гледаш себеси за 5 години?“ е прашањето кое неретко го поставува секој менаџер или одговорен за вработување. И веројатно, кога ќе дојдете до ова прашање, во главата си велите: „Да бидам шеф на компанијава“, „Подалеку од тука“, „Некаде надвор од земјата“…
Секако, овие работи треба само да ги помислувате, но никако да јасно и гласно да ги наведете на лицето кое ве интервјуира.
Останува да се разјасни: Како треба да се одговори на ова прашање?
Имаме добри вести, дефинитивно можете да бидете искрени, но да се изразите на малку поумерен начин.
Пример: „Да бидам искрен/а навистина би ми било драго доколку станам дел од вашата компанија, бидејќи за 5 години сакам на мене да се гледа како некој со големо и длабоко искуство во полето (регрутација на пример, или било кој друг сектор каде работите), а тука дефинитивно би имал/а можност за тоа. Би бил/а среќен/на и доколку преземам поменаџерски одговорности, па дури и да имам можност да станам водич на проекти“.
Сосема во ред е да кажете и дека не сте сигнури, но ваквиот тип на одговор по правило е билет во еден правец – правецот каде имате можност да станете дел од компанијата.