Прибравте доволно биографии за пополнување на одредена работна позиција. Направивте првична селекција на основа на тие биографии и повикавте неколку кандидати на интервју.
По првичното интервју веројатно направивте дополнителна селекција и останавте со неколку кандидати меѓу кои сакате да го одберете вистинскиот кандидат.
Но, понекогаш процесот не е така едноставен.
Понекогаш се случува да наидете на двајца квалитетни кандидати и никако да не можете да направите соодветен избор, колку и да Ви се брза да ја пополните позицијата.
Како да се одлучите меѓу двајца солидни кандидати?
Непосредните потреби секако дека Ви вршат притисок да донесете побрза одлука, но не заборавајте да размислувате на иднината. Бизнис средината брзо се менува, па добро е да размислите кој кандидат повеќе ќе Ви одговара на долгорочен план.
Проценете кој кандидат покажува поширок спектар на корисни вештини, интерес за учење и развој и потенцијал за водство.
Пронаоѓањето на кандидатот кој најмногу одговара на Вашата организациска култура значи разлика меѓу лице кое си замине при следната „возбудлива работна понуда“ и лице кое добро ќе се интегрира во средината и ќе остане подолго.
Обидете се да се присетите на средбата со двата кандидати. Кој се потруди да се покаже повеќе? Кој изгледате како да е повеќе полн со ентузијазам за работната позиција? Ваквите мали детали можат да Ви помогнат да донесете одлука.