Не ретко кога работниците ќе достигнат зрело доба, помеѓу 40 и 65 гидини, се соочуваат со дискриминација на работното место и се` поретко наоѓаат подобра работа за разлика од помладите колеги.
Менаџерите најчесто се со мислење дека постарите работници не се во можност да ги прифатат работните задачи од помладите надредени, дека вештините им се застарени, или дека не можат да го издржат напорот, а воедно се и прескапи за тоа што го нудат.
Со вакви предизвици пред себе, пишувањето на биографија за вработување ако имате над 40 години може да биде вистински збунувачки процес. Овде ќе се обидеме да ви го олесниме и разјасниме.
Отстранете ги датумите
Прво прашање што би ви паднало на памет, е дали да ги пишувате датумите на раѓање, на дипломирање, вработување итн. Нашиот совет е да не ја потенцирате Вашата возраст, туку Вашето искуство. Избегнете ги непотребните датуми, но потенцирајте ги најрелевантните вештини што ги поседувате и нека тие бидат тоа со што ќе се претставите во најдобро светло.
Напишете релевантни вештини
Кога викаме релевантни вештини, треба да се внимава на тоа да не се напишат во биографијата вештините кои повеќе не се користат во денешно време, но и да се напишат некои современи вештини кои се релевантни за работната позиција.
Се разбира вештините со кои ќе се пофалите во биографијата за вработување, мора да бидат издржани и навистина да ги поседувате и владеете.
Намалете го бројот на вештини
Со годините работно искуство Вие имате стекнато широк спектар на вештини што ги поседувате. Не е добра идеја во вашата биографија да се наведат сите. Подобро фокусирајте се на само две до три релевантни вештини
Додадете вреднест
Опишете на кој начин со вашите вештини може да придонесете за зголемувањето на вредноста на компанијата каде што аплицирате. На пример, како со Вашите работни вештини може да и заштедите пари на компанијата, или да ја зголемите продуктивноста. Покажете како веќе тоа сте го направиле во пракса за некого претходно. Покажете каков сте работник, а не советодавец.
Скратете ја работната историја
Во делот каде треба да се набројат претходните работни места, слободно изоставете ги постарите вработувања и оставете ги само поновите, со што ќе оставите впечаток на свежина во вашето работно искуство.
Уредувајќи ја биографијата на овој начин, покажувајќи повеќе зрелост и лојалност од помладите кандидати, а воедно потенцирајќи ги и модерните вештини, Вашата биографија за вработување повторно ќе се здобие со еднаква шанса за интервју кај работодавците.