Поимот „професионална култура“ често се употребува меѓу HR професионалците и колку и да изгледа како некоја нова и сосема неважна кованица, станува збор за неодминлив аспект од функционирањето општо на самата компанија и на секој вработен индивидуално.
Луѓето кои стануваат дел од една компанија не само што треба да знаат да ги исполнуваат индивидуалните барања кои ги имате од нив и да поседуваат одредени квалификации за да добијат работно место, туку треба да имаат и одреден тип на личност кој се вклопува во тимот и општо целата компанија.
Но, многу компании не знаат како да ја претстават својата професионална култура надвор од само основните цели кои се јадро на постоењето на компанијата и одговорностите.
Клучен аспект во правилно прикажување на корпоративната култура е во тоа да се долови каков тип на личност се бара, да се наведат примери за тоа како се работи во компанијата, како се одмора, каква слобода имаат вработените…
Неколку компании кои совршено ја прикажуваат својата корпоративна култура
„Google“
Повеќето луѓе, дури и да не аплицираат за вработување во оваа компанија, имаат претстава за тоа како изгледа да се има работа во неа. „Google“ совршено ги прикажува клучните елементи од својата професионална култура, толку добро, што општата јавност има јасна слика за тоа како изгледа да се работи во оваа интернационална компанија.
Ако сакате да дознете како изгледа да работите во оваа компанија нема да најдете само обични фотографии од вработените и канцелариите, туку цели интерактивни видеа кои на реален начин ја прикажуваат работната атмосфера.
„Google“ транспарентно ја прикажува статистиката од своите вработени и се грижи да постои разноличност.
Технологијата која ја развива е од корист на целиот свет и тоа јасно може да се увиди во секојдневието.
„Marriott“
Глобалниот синџир на хотели ја дефинира својата работна култура преку пет најважни вредности. „Marriott“ пред сè се грижи за своите вработени и токму тоа овозможува раст и напредок на компанијата.
„Marriott“ ги прифаќа промените и за тоа можете да читате на LinkedIn блогот на извршниот директор и блогот „Marriott on the move“. И двата блога се фокусираат на промените во компанијата и важните општествени теми.
„Adobe“
Во оваа компанија сите се свесни дека покрај општата култура на компанијата, секој тим кој заеднички работи на посебни проекти, исто така, има своја поткултура која е дел од компанијата.
Токму затоа, секој оддел има посебни секции за страната за кариера каде можете да прочитате кои работни места се отворени и каков е тимот во кој ќе работите.
Блогот „Adobe Life“ нуди поглед во тоа како изгледа секојдневното работење во оваа компанија од перспективата на оние кои веќе се вработени. Плус, вработените речиси секогаш го користат хаштагот #AdobeLife и споделуваат мали секојдневни искуства додека се на работното место.