Кратки, едноставни измени заради кои резимето нема да ви остане незабележано
Пред да почнете со барање на нова работа, добро е одново да го отворите Вашето резиме, да го препрочитате и барем малку, да го ажурирате. Тоа е добро да го правите и барем еднаш годишно.
Неколку работи со кои можете да го подобрите изгледот на вашата биографија и да ја направите попривлечна за очите на работодавците и регрутерите.
- Променете го фонтот, посебно ако и самите забележувате дека потешко се чита
- Тргнете ја реченицата „Доставувам референци на Ваше барање“, бидејќи ако имаат потреба од нив, секако ќе Ви ги побараат.
- Тргнете ја реченицата „Трудољубива личност која сака да работи за Вашата компанија“. Се подразбира дека сакате да работите за компанијата, ако веќе сте доставиле биографија.
- Препрочитајте сè одново, случајно да не имате некаде печатни грешки.
- Биографијата зачувајте ја и испраќајте ја во pdf формат, бидејќи само така форматирањето нема да се измести кога фајлот ќе се отвори на друг компјутер.
- Фајлот секогаш именувајте го по Вашето име и презиме, не пишувајте „Биографија“ или „CV“ или нешто слично.
- Додадете го Вашиот LinkedIn профил, ако имате.
- Додадете активни линкови до сите Ваши профили и мејлови за лицето кое ќе го чита Вашето резиме, полесно да се запознае со Вашите личносни карактеристики.
- Избришете ги непотребните податоци
- Вашето образование поместете го. Поважни се Вашите искуства, освен ако не сте завршиле неодамна и сè уште немате никакво релевантно работно искуство.
- Ослободете се дизајнот кој само непотребно го оздема вниманието на читателот.
- Наведете го работното искуство кое релевантно само за позицијата за која аплицирате. Сè друго, понекогаш е подобро да го исфрлите.
- Прочитајте го на глас. Звучи добро? Ако да, одлично. Ако не, изменете ги деловите кои не Ви се допаѓаат.