Кариерната иновација се случува кога одеденаш ќе престанете да гледате на Вашата кариера на традиционален начин и ќе започнете да гледате и да се насочувате кон кариера која е повеќе насочена кон вашата „идна личност“.
Ова може да вклучува мали чекори со развој на вашите знаења или комплетно редефинирање на Вашата кариера со цел да работите на начин на кој што отсекогаш сте посакувале да работите.
За тоа треба да направите неколку чекори:
Личниот развој на дневно ниво е многу важна работа доколку сакате да воведете иновација на професионално ниво. Поставувајте си секојдневно нови предизвици кои ќе Ви помогнат да развивате нови вештини, знаења, способности и квалитети.
Иноваторите не секогаш рекреираат, туку поголемиот дел од времето го поминуваат во реоткривање. Започнете да размислувате поинаку за Вашата кариера и веќе сте еден чекор понапред кон комплетна кариерна иновација.
Денес светот не функционира така едноставно како што беше порано, а тоа значи и дека не секогаш мора да се качувате чекор по чекор на кариерното скалило. Не секогаш морате да идете буквално нагоре, туку можете и да се развивате настрана типичните форми на напредување.
Размислете околу тоа како можете да ги вметнете сите аспекти од вашиот живот во Вашата кариера. Вреди да најдете работа каде ќе се чувствувате удобно. Не секогаш морате вашата страст да ја претворите во кариера, туку доволно е да најдете работа која ќе прави да се чувствувате „како дома“.
Успехот доаѓа во многу различни варијации и за различни типови на луѓе значи различни работи, не само фокусирање да се стекне одредена работна титула или да се достигнат одредени работни вештини.