Дали некогаш ви се случило да сретнете личност за која едноставно сакате да кажете „има нешто што не ми се допаѓа кај оваа личност“. Дали ви се случило да направите вакво нерационално и непотврдено расудување?
Одговорот е сигурно да.
На секого му се случува да направи несвесно расудување за некого и истото да биде негативно иако не е потврдено со факти и однесување.
Тоа се случува затоа што секој има предизпозиции да носи нерационални расудувања.
Истото може да им се случи и на регрутерите, без разлика на тоа дали сакаат или не да се случи ова негативно расудување.
Како можете да препознаете дека некого погрешно сте го расудиле?
Постојат неколку типови на когнитивни расудувања:
Потврдувачка пристрастност – кога се трудите да најдете начин како да го потврдите иницијалното, почетно негативно разлислување за одредена личност.
Ефективна хевристика – кога правите процена на основа на површни фактори
Закотвување на очекувањата – кога ги приспособувате вашите очекувања на основа на иницијалните размислувања за личноста
Родова пристраснот – судење на личноста на основа на нејзиниот пол
Како можете да ги избегнете овие несвесни потенцијално негативни расудувања?
Гледајте да избегнувате имиња, пол и возраст кога разгледувате биографии.
Понатаму, во текот на интервјуто, ако за некоја личност имате негативно размислување, дајте си еден ден пауза, „преспијте“, па дури потоа донесете соодветен заклучок околу тоа дали личноста ќе биде квалитетен работник или не.
Ако сепак тоа не ви помага, добро е почетните интервјуа да ги правите не сами, туку со уште неколку вработени во вашата компанија за да можете да приберете повеќе различни расудувања, не да се водите само од сопствените.
Најдобро е да правите интервјуа со уште две лица од веќе вработените во компанијата.
Понатаму, можете да направите и напор за стандардизација на процесот на интервјуирање и селекција преку поставување на стандардни прашања, психолошки тестирања и слично.
Стандардизацијата на процесот може сигурно да ви помогне во носење на правилен заклучок за одредена личност и да ги избегнете потенцијалните негативни и неосновани емоции.