Бихејвиоралните интервјуа, односно интервјуата кои се базирани на перформансите на кандидатите се прават сѐ со цел да се откријат специфичните однесувања на кандидатот, односно да се процени како преку претходното однесување, кандидатот ќе се однесува и во иднината, на потенцијалното работно место кое се бара.
Традиционални наспроти бихервиорални интервјуа
Во традиционалните интервјуа најчесто добивате серии на прашања од кои се бара едноличен одговор, како на пример: „Кои се твоите силни и слаби страни?“ или „Со какви предизвици се соочи на претходното работно место?“…
За бихејвиоралните интервјуа, регрутерот проценува кои вештини се неопходни за обавување на работното место и поставува прашања кои имаат за цел да откријат дали тие вештини ги поседува кандидатот.
Интервјуерот ако ве интервјуира на овој нетрадиционален начин ќе ве праша како сте се однесувале во минатото, наместо како би се однесувале во иднината.
Најчести прашања кои ќе ги добиете на типично бихејвиорално интервју: