Во светот постојат различни мислења за тоа која е најпосакувана работа. Претежно онаа работа која се проценува како посакувана е меѓу оние кои се во тренд, односно се најатрактивни и најплатени. Во огласите за работа многу често може да се сретнат позиции кои носат сериозни приходи и тоа : воздухопловството, фармацевтската и електроинженерската индустрија, сметководствени дејности итн.
Исто така доста ценети и платени професии се:
информатичка технологија,
маркетинг и продажба,
претприемништво и економија,
архитектура, градежништво, техника и технологија,
наука и истражување,
политика и раководење,
здравство и нега на тело,
туризам и угостителство,
право и безбедност
јазик,култура и медиуми,
административни дејности и
екологија
Според тоа, начинот на одбирање на професија има значајна улога во животот на секој поединец и затоа кога се прави изборот добро е да се консултирате со професионалци – советници за професионална ориентација кои би Ви помогнале да направите избор според своите компетенции за тоа каква работна средина би Ви одговарала. При изборот многу се важни и личните карактеристики и способности кои ќе дадат максимум од вас на работното место. Овие карактеристики ќе ве направат најефикасни и најпродуктивни за да можете патот кон себереализација да го направите прооден.
Постојат многу агенции за вработување кои пласираат слободни работни позиции од секаква дејност , тоа е пазар каде што се нуди плеада на можности за невработените луѓе да го остварат својот потенцијал, стекнати вештини и компетенции стекнати преку формално и неформално образование. Но, процесот на изнаоѓање на соодветна работа вклучува доживотно учење, надградување, прилагодување кон потребите на пазарот на труд, па зошто да не и преквалификување.
Според последните истражувања објавени на сајтот на агенцијата за вработување на Р.М вработувањето во државните институции полека опаѓа со што се зголемува желбата за вработување во приватниот сектор кој нуди далеку повеќе можности и одлични услови за напредок.
Пазарот на трудот се карактеризира со висока стапка на невработеност (32.3%), комбинирано со ниска активност (64%) и стапка на вработеност (43.3%). Невработеноста е посебно вообичаена меѓу младите луѓе. Стапката на невработеност кај жените е 32.9% и е нешто повисока од стапката на невработеност кај мажите која изнесува 32%. Уште повеќе,стапката на долгорочно невработените преовладува меѓу невработените со процент од околу 80% од вкупниот број на невработени лица. Високата и континуирана стапка на невработеност е резултат на недостиг од соодветни вештини на пазарот на трудот и ниските стапки на создавање/отварање на работни места.
Во процесот на барање на работа многу пати ќе се демотивирате, а на тоа влијаат многу надворешни фактори. Мноштвото објавени огласи најчесто не ви одговараат бидејќи за една работна позиција најчесто се бараат квалификации за две или три работни позиции. Најчесто го немате наведеното работно искуство и не можете да го компензирате со личните и други карактеристики. Проблем може да биде и недоволното познавање на странски јазици во однос на моменталните трендови и слично. Но тоа не е доволна причина да се откажете уште на самиот почеток кога пребарувате огласи за работа. Впрочем тоа би требало да Ви укаже на прецизни барања на пазарот на труд и на тоа што би требало да обрнете внимание.
Доколу немате доволно работно искуство размислете за опцијата практикантство во Агенцијата за вработување, искористете некоја од бројните обуки кои ги имаат на сајтот за бесплатно надградување на знаењето во делот на странски јазици и потоа сериозно впуштете се во потрага на работа и градење на кариера. Зачленете се во приватните агенции за вработување и изразете го својот силен интерес за вработување. Една од тие агенции е агенцијата Еси каде што можете да наидете на професионален тим на менаџери кои ќе ви ги посочат одличните работни позиции и ќе ви помогнат да го најдете своето место на пазарот на труд.
Бидете искрени во однос на вашите компетенции и доволно флексибилни да се прилагодите на бараните вештини. Доколку сте амбициозни направете карирен план и план за аплицирање на слободни работни места. Доколку некоја од вештините не ги поседувате кога ќе се појавите на интервју поразговарајте дали постои простор за надградување откако ќе се вклучите во работен однос и никако не се откажувајте пред време бидејќи упорноста секогаш се исплати.
Доколку сте долгорочно невработено лице користете литература во професионалната дејност за да го поткрепите теориското знаење кое ќе ви помогне понатаму во пракса. Следете ги конкурсите, огласниците и оние компании кои нудат работа.Неретко успешност се постигнува и доколку маркирате одредена компанија и лично поднесете документација за вработување и трпеливо да почекате додека да излезе конкурс за вработување.
Доколку ви се укаже прилика да се вработите хонорарно, на договор на дело, привремено да се вработите, со договор на определено работно време не се колебајте да прифатите бидејќи тоа ќе го збогати вашето работно искуство и ќе ви пружи отскок во подобра работна средина во иднина. Имајте позитивен став кон работата и успехот на пазарот Ви е загарантиран.
Без разлика на тоа која е најпосакувана работна позиција во Скопје, секој би требало да се води од личната мотивација и да ја одбере најсоодветната за себе. Тоа би се случило доколу доволно се познавате себе си, пристапот кон работата, задоволство од работата и од тоа колку високи цели сте си поставиле.