Денес да се каже дека сте запознаени со модерната технологија не претставува ваша уникатна карактеристика, туку универзална секојдневна потреба.
Некои луѓе полесно можат да ракуваат со технологијата од други, најчесто заради професионалните потреби, но тоа не значи дека некој може да си дозволи да нема основни технолошки познавања. До одреден степен, секој професионалец мора да има одредено ниво на технолошка софистицираност.
Неколку основни технолошки познавања кои секој професионалец треба да ги поседува:
Без разлика на тоа какви одговорности исполнувате, денешната клима бара да бидете запознаени со одредени платформи и најверојатно истите веќе ги употребувате. Меѓу сите платформи добро е да бидете запознаени со оние основните кои сигурни сме дека до одредена мера веќе ги употребувате: Facebook, Twitter, LinkedIn и Instagram.
Без разлика на тоа колку ви звучи здодевно, компаниите очекуваат да умеете ефикасно да ракувате со табеларни податоци. Не е важно во кој сектор работите, важно е да имате способност виталните информации на компанијата да ги организирате во табели, односно во Excel документи.
Поголемиот дел на големи компании секогаш претпоставуваат дека умеете да креирате презентации за клиентите или за интерни потреби. Не е важно во каква компанија оперирате, важно е да знаете како на визуелно впечатлив начин да ги презентирте информациите.
Работењето со документи во Word е основна вештина која морате да ја поседувате и притоа од голема важност е да знаете како да направите вашата содржина да изгледа уредно, читливо и привлечно.
Компјутерите денес се интегрален дел од работењето, па повеќето работодавачи очекуваат од вас да бидете брзи при ракувањето со тастатурата. Практично, она што се бара е да се чувствувате удобно додека ракувате со тастатурата, а не да „користите само два прста“.
Умешноста да ракувате со кратенките на тастарурите, како на пример, за брзо копирање, печатење, „букмаркирање“…, ве прави поподуктивни. Веќе се смета за основно познавање да знаете како со употреба на тастатура да направите copy+paste.
Како што вели насловот, морате да имате основни технолошки познавања, а едно од тие познавања е да умеете да испраќате јасни електронски пораки. Едноставно, кратко и јасно, морате да знаете како професионално да ги користите електронските пораки.