Дали некогаш сте се запрашале или сте се обиделе да откриете што се врти во главата на кандидатот за ново работно место кој стои пред вас?
Глобалното истражување, „Inside the Mind od Today’s Candidate“, кое е направено на 6.500 професионалци и 7.700 луѓе кои неодамна го промениле работното место открива неколку интересни работи.
Истражувањето открива дека 4 од 5 британски професионалци се заинтересирани за нови работни можности. Поточно, 82% од Британците кои веќе работат се подготвени за си заминат од старото работно место за да искористат нови работни можности и предизвици.
Речиси две третини, односно 63%, од луѓето кои неодамна промениле работно место во Велика Британија, воопшто не биле запознаени со компанијата во која аплицирале, пред да откријат за работната можност.
Истражувањето исто така открива дека еден од 5-ца во Британија воопшто немаат претстава што ќе прават за 5 години, односно дали планираат да останат во компанијата каде аплицираат за подолг период.
Но, од друга страна пак, без разлика на тоа што открива ова истражување, посебно фактот дека денес многу луѓе се подготвени да си заминат за нови можности, компаниите најчесто не се трудат да се истакнат себеси како бренд и да им покажат на кандидатите зошто вреди да работат во нивната компанија.
Џон Адисон, главното лице на „Talent Solutions“ на Linkedin UK вели дека добра практика на секоја компанија за да се промовира себеси како бренд е да: