Најновото истражување направено од страна на Forde HR Cloud открива дека голем процент на компании не успеваат да го одберат идеалниот кандидат за одредена работна позиција.
Поточно, 2 од 3 менаџери потврдуваат дека напорно се обидуваат да ги најдат работниците кои идеално би одговарале за позициите кои ги бараат, но ретко кога успеваат во тоа.
Меѓу останатите причини, во 50% од случаевите, не успеваат да најдат соодветен кандидат, бидејќи му недостасуваат бараните вештини или нема доволно работно искуство.
Дали навистина на повеќето кандидати кои аплицирале им недостасуваат вештини за извршување на работата?
Речиси 50% од компаниите не успеваат да пронајдат соодветен кандидат, бидејќи во потрагата ги исклучуваат штотуку дипломираните кандидати, бидејќи немааат време да инвестираат во соодветни обуки.
Но, реалноста е дека барем 1 од 10 штотуку дипломирани кандидати може брзо да се адаптира и успешно да ги извршува работните активности.
Добро е било кое лице кое регрутира добро да анализира дали одредено лице иако нема доволно вештини, може сепак да ја завршува работата.
Дали навистина на повеќето кандидати им недостасува искуство?
Перцепцијата дека на одреден кандидат му недостасува релевантно работно искуство за одредена работна позиција е уште еден предизвик со кој се соочуваат регрутерите.
На претходното работно искуство често се гледа како на нешто немнливо. Кандидати или припаѓаат на барањето или не. Не постои средна опција.
Но, пример, во ситуација кога се бара минимум 3 години работно искуство како можеме да измериме кое 3-годишно искуство се покажало како корисно, а кое не? И понатаму, што е со оние кои работеле помалку, а сепак за тоа време собрале доволно искуство за брзо да се адаптираат на работните барања?
Работното искуство е класично барање по кое одреден кандидат може да се квалификува или не за одредена работна позиција, а сепак не претставува квалитетна мерка за процена.
Далеку подобро е предвид да се земат останатите личносни квалификации.