Во динамичниот свет на производствената индустрија, каде прецизноста и ефикасноста се основа, HR игра сè поважна улога. Викторија Николовска Иванов (Human Resources Officer at ERI Corporation S.r.L) ни открива дека:
„HR добива сè поголема улога, особено во делот на задржување на кадар, подобрување на интерната комуникација и воведување на структуриран пристап кон обука и развој. Од тим од двајца на почетокот, сега сме пет, што покажува раст и потреба од посериозен HR пристап.“
Кога ќе се спојат прецизноста на производството и динамиката на човечките односи, предизвиците се неизбежни. Викторија истакнува дека најголемиот фокус е токму на „човечките проблеми“.
„Најчесто се работи за човечки проблеми – конфликти, отпор кон промени, ниска мотивација. Потребна е постојана комуникација, посредување и работа на подобрување на културата.“
Како и секој друг сектор, производствениот HR активно ги прифаќа дигиталните алатки и вештачката интелигенција за да ја зголемат ефикасноста. Иако се во рана фаза, потенцијалот е веќе видлив.
„Се воведуваат дигитални алатки за евиденција, следење на присуство, автоматизација на административни задачи. Потенцијалот за подобрување на ефикасноста е голем, особено со AI за анализа на податоци и предвидување на ризици.“
Гледајќи кон иднината, Викторија предвидува дека во следните 3 до 5 години, индустријата ќе доживее поголема трансформација. Очекувањата се насочени кон:
Инспирација и совети за младите HR професионалци
Што ја мотивира Викторија да работи во оваа област? Одговорот лежи во можноста да се направи реална разлика во животот на луѓето.
„Ме инспирира можноста да направам разлика - да помогнам во развојот на луѓето, да создадам подобра работна атмосфера и да бидам дел од процеси кои носат реална промена. HR ми овозможува да бидам и поддршка и двигател.“
За младите кои размислуваат за кариера во Човечки ресурси, таа има јасна порака:
„Да бидат отворени, трпеливи и подготвени за работа со различни профили на луѓе. HR не е само администрација - тоа е стратегија, комуникација и влијание. Важно е да се има емпатија и способност за решавање на проблеми.“
📌 Следете нè за повеќе разговори со HR професионалци од различни индустрии, од производствени погони до технолошки стартапи. Целта ни е да споделиме реални искуства, добри практики и инспиративни приказни од теренот.
Доколку и вие работите во областа на човечки ресурси или регрутации и сакате да споделите свое искуство, визија или предизвици од вашата индустрија, би ни било задоволство да ве вклучиме во следните разговори.