Кога сте во потрага по работа вашиот труд за да бидете ангажирани на ново работно место не завршува со моментот на испраќање на соодветна биографија и во чекање да бидете селектирани од мнозинството за интервју. Напротив, продолжува понатаму со подготовки потенцијално да бидете повикани на интервју.
Успешно се рекламиравте себеси преку резимето? Ве повикаа на интервју? Подготвени сте да се покажете во најдобро светло на претстојното интервју?
Многу е важно да бидете однапред подготвени и ефикасно да одговорите на прашањата кои сигурно ќе ги добиете од работодавачот. Во ред, можеби не можете да читате туѓи умови и не можете комплетно да знаете како ќе изгледа интервјуто, но дефинитивно постојат прашања кои ги поставуваат најголемиот дел од работодавачите.
Најчестите прашања не само што ќе ги слушате на секое ново интервју на кое ќе бидете повикани, туку и од вас ќе се очекува да ги одговарате глатко и без двоумење. Не мора целосно да ги запаметувате одговорите на прашањата, но добро е да имате во главата некаква идеја за тоа што ќе кажете за да не се најдете во непријатна ситуација на молчење или пелтечење на среде интервју.
Одговорите се дотолку моќни колку што сте однапред подготвени на нив и дотолку што знаете однапред што да очекувате на интервјуто. Ако добро сте се подготвиле ќе имате јасен фокус за време на интервјуто и ќе знаете што точно треба да кажете и како да се претставите себеси, а ако одеднаш од некоја причина не можете точно да се сетите какви одговори сте подготвиле, тогаш во најмала рака, ќе бидете со повисока самодоверба затоа што однатре и однапред ќе знаете дека сте подготвени.
Го решивме проблемот на подготвеност за интервјуто. Сосема е јасно дека доколку сакате успешно да се прикажете во добро светло на интервјуто, морате да знаете што точно сакате да кажете за време на истото, односно како да одговорите на прашањата кои ќе Ви бидат поставени. Следно е да одредиме точно какви прашања ќе ви бидат поставени на било кое интервју.
Кажи ми нешто за себе?
Како прво, нема работодавач кој нема да Ве втурне во интервјуто со прашањето „Кажи ми нешто за себе“
Ова прашање со сигурност ќе се најде меѓу првите, ако не биде и прво прашање на интервјуто. Навидум изгледа како многу едноставно прашање, но многу голем број на луѓе не успеваат правилно да се подготват за истото и уште помалку, да дадат соодветен одговор на истото.
Бидете подготвени да зборувате за себе и зошто токму вие сте најдобриот избор за пополнување на работното место за кое сте повикани. Обидете се да најдете златна средина – не давајте премногу, ниту премалку информации за вас.
Не е неопходно да наведете комплетна историја на вашите претходни вработувања, туку целта е да наведете кратко резиме кое е концизно и привлечно и кое точно открива зошто вие сте вистинскиот кандидат за позицијата.
Можете да започнете со откривање на неколку лични интереси и искуства кои не мора директно да се врзуваат со Вашата работа. Пример, можете да кажете нешто за Вашето хоби или да дадете кратки основни информации за тоа каде сте пораснале, за вашето образование и за работите кои Вас лично ве мотивираат.
Ако ви звучи застрашувачки идејата да наведете јасни, кратки и концизни информации, можете да се потпрете на едноставна формула со која лесно ќе можете да го конструирате својот одговор. Формулата „сегашност – минато – иднина“ е одличен начин како да ги споделите клучните информации. Започнете со краток преглед на тоа каде сте сега, што работите, навратете се на минатото и потенцирајте кои клучни моменти ве довеле во сегашноста и завршете со неколку реченици за вашите идни цели. Најдобро би било вашите цели успешно да ги поврзете со барањата на актуелното работно место и да откриете како токму вие сте идеалниот кандидат за пополнување на позицијата, кандидатот после кој воопшто не треба да се мачат да погледнат други биографии.
Запомнете: Многу е важно да внимавате какви информации откривате и да избегнувате потенцијално непосакувани теми како што е политиката, освен ако не сте апсолутно сигурни дека Вашиот одговор ќе биде позитивно прифатен од потенцијалниот работодавач. Започнете со 2 – 3 специфични достигнувања или искуства за кои најмногу сакате да знае лицето кое ве интервјуира и завршете со тоа како минатото искуство Ве позиционира во бараната улога.
Кои се твоите силни страни?
Ова е едно од тие прашања кои работодавачите секогаш ги поставуваат, а за правилно да одговорите на истото важно е да зборувате за вашите атрибути кои ќе Ве квалификуваат за специфичното работно место и ќе ве одвојат од останатите кандидати.
Дајте си доволно време пред интервјуто и обидете се да направите што е можно попрецизно поврзување на вашите квалификации со барањата наведени во огласот. На тој начин ќе имате готови примери да наведете, а кои ќе ја демонстрираат вашата подготвеност за работата.
„Поседувам силна одговорност за работата. Кога работам на проект не само што завршувам навреме, туку и пред крајниот рок. Минатата година дури и бев пофален/а и добив бонус за тоа.“.
Вашите силни страни не поминуваат и без наведување на:
Кои се твоите слаби страни?
Уште едно типично прашање извлечено од интервју за работа кое најдобро е да се одговори на тој начин што Вашите слабости ќе ги претворите во силни страни. Пример, можете да кажете нешто во стилот – „Отсекогаш сум се борел/а со перфекционизам. Секогаш сакам да ги завршам обврските квалитетно и точно и тоа знае понекогаш да ми одземе повеќе време отколку што е потребно. Но, научив и да пронаоѓам баланс и сфатив дека е многу важно да посветувам внимание и на крајните рокови“.
„Порано чекав до последен момент за завршување на обврските, но сфатив дека е подобро однапред да се планира и навремено да се почнуваат работите за да не се возбудувам пред истекот на крајниот рок.“.
Зошто баш тебе треба да те вработиме?
Дали сте најдобриот кандидат за позицијата? Бидете подготвени да знаете зошто токму вас треба да ве ангажираат. Не треба да бидете скромни. Секако, тоа не значи дека треба да биде и полни себе и егоистично, но секако не треба да се потценувате, напротив да се фалите.
Обидете се вашиот одговор да биде прецизен, фокусиран и полн со самодоверба, да изгледа како да вршите „продажба“ на самите себе. Обидете се да му кажете што точно можете да му понудите на работодавачот и зошто токму вие треба да ја добиете работата.
Пример, „Поседувам искуство и супериорни вештини за комуницирање кои ќе се покажат како предност за вашата компанија. (и наведете неколку примери).“.
Работодавачите сакаат и да откријат:
Зошто сакаш да ја напуштиш моменталната работа?
Ова прашање може многу да Ви наштети, ако решите без двоумење да го критикувате тековниот работодавач. Ако ви се постави ова прашање морате полека да се насочите од моменталната позиција кон иднината, посебно ако не си заминувате најсреќни.
Секогаш трудете се да дадете позитивен одговор. Далеку подобро е да оставите впечаток дека сте далеку повеќе мотивирани од новата можност, отколку дека се трудите да избегате од лошите услови. И да не заборавиме уште еднаш, избегнувајте по секоја цена да кажете нешто негативно за тековниот работодавач, колегите или работното место, бидејќи ниту еден работодавач не сака да ангажира некој кој утре може да зборува негативно и за неговата компанија.
Пример, „Повеќе нема простор за раст кај сегашниот работодавач и подготвен/а сум за нови предизвици.“.
Од сегашноста, работодавачите сакаат да преминат на иднината па често го поставуваат и следново прашање: „Кои се твоите цели за иднината?“
Ова прашање е дизајнирано сѐ со цел да открие дали ќе се задржите малку подолго на потенцијалното работно место или ќе избегате при првата подобра можност, повисока плата или подобри услови. Фокусирајте се на работното место кое целите да го добиете и на компанијата. Потенцирајте дека токму компанијата каде Ве интервјуираат е во склад со Вашите долгорочни цели.
Најдобар начин како да одговорите на ова прашање или сличното на него
Каде се гледате себеси за 5 години
Треба да се фокусирате на компанијата. Секако дека не сакате да лажете за време на интервјуто, ама добро е да се држите до тој дел од Вашата визија во која се вклопува и компанијата. Пример, „Моја долгорочна цел е да бидам дел од компанија каде ќе имам можност да учам, да преземам дополнителни одговорности и да придонесам за вредностите на компанијата. Токму затоа, ми се допаѓа што Вашата компанија посветува посебно внимание на развојот на вработените.“
Имате некакви прашања?
Не. Сега засега немам ништо посебно да прашам.„ Ова е одговорот кој ќе направи да изгледате како да сте комплетно апатични за можноста да влезете во компанијата и дефинитивно нема да Ви донесе бонус поени. Затоа, добро е секогаш да имате претходно направена листа на готови прашања кои би можеле да ги поставите на лицето кое ве интервјуа.
Секако имајте на ум дека не е добро да го натерате и да се повторува, ако нешто веќе Ви било кажано, не е добро уште еднаш да го поставите како прашање, освен ако не потенцирате дека сакате дополнително да Ви се разјасни, бидејќи остава впечаток како да не сте обрнување доволно внимание за време на интервјуто.