Работата, односно работниот однос отсекогаш се сметал за долга, постојана врска помеѓу работникот и работодавачот, но сè се промени откако на пазарот се појави потребата од привремени работници.
Барањето на истите знае да биде посебно макотрпно за компаниите кои не се подготвени да се соочат со овој предизвик. Па тука, на сцена настапуваат агенциите за посредување и привремено вработување.
Дури и да имате регрутери и менаџери за вработување и човечки ресурси, добро е да сте во соработка со агенција за времено вработување, бидејќи истата може да ви помогне со своите услуги кои ги нуди за пополнување на празните работни места, без оглед на типот на работно место и позиција кои ви требаат.
Што добивате со тоа?
Заштедувате на време
Колку време ќе ви биде потребно да пополните и испратите оглас? Да најдете соодветен работник? Да ги завршите сите административни работи согласно законот за работни односи на Република Македонија?
Веројатно ќе се согласите дека тоа се задачи за кои најчесто немате доволно време кога во побрз можен рок ви требаат привремени работници. Затоа, тука се агенциите за привремени вработувања брзо да ви помогнат да најдете соодветни заменски, привремени или сезонски работници и да ви заштедат драгоцено време.
Заштедувате пари
Понекогаш не сакате да соработувате со агенција за посредување и времено вработување, без разлика на тоа дали сте мал или голем бизнис, затоа што сметате дека тоа е непотребно трошење на пари за плаќање на агенцијата.
Но, заштедувате далеку повеќе отколку што мислите.
Некој друг, односно агенцијата за посредување и времено вработување е таа која може брзо да ви најде работник, без да трошите пари за објавување на промовирани огласи, тестирање и одбирање на соодветен кадар за работата која моментално треба да се заврши кога агенцијата најчесто веќе има листа на потенцијални работници кои можат да ја вршат работата која во моментот ви треба.
Заштедувате енергија
Многу често, малите бизниси имаат едно лице кои функционира како менаџер или некаков друг тип на одговорно лице за човечки ресурси кое најчесто има многу работни одговорности како раководење на платите, пријавите и одјавите и нема да има доволно време квалитетно да се посвети на сите биографии, а потоа и да интервјуира потенцијани кандидати.
Агенцијата од друга страна, ќе ви помогне со целиот процес кој претходи на моментот кога вие треба да одберете само помеѓу неколку потенцијални кандидати или едноставно да добиете сезонски и привремени работници во најбрз можен рок.
Сезоните кога сте пренатрупани со работа едноставно ќе станат минато…
Контактирајте нè.