Описите на работните места имаат суштинско значење за секој бизнис или организација, бидејќи на вработените им овозможуваат разбирање на барањата и очекувањата на работата која треба да ја работат. Лошо нашпишаните описи на работни задачи може да имаат значително влијание врз ефективноста на организацијата на компанијата, што резултира со ниска продуктивност и недостаток на задоволство од работата.
Кога не е понуден соодветен опис на работата, може да предизвика до вработување на погрешна личност. Без тој адекватен опис може да се доведеме до ризик од вработување на некој кој не е погоден за позицијата и тоа попатно си носи недостаток на продуктивност, потрошено време и средства, и евентуално потреба за замена на кандидатот. Понатаму, лошиот опис може да влијае на високите стапки на доброволно напуштање на работното место бидејќи вработените стануваат незадоволни од нивната улога и имаат недостаток на задоволство од работата.
Лошиот опис на работното место, исто така, може да влијае и врз моралот на вработените. Кога барањата се нејасни или премногу долги, вработените се дефокусираат или се преоптоварени и немотивирани. Ова може да доведе до помала продуктивност, недостаток од ангажираност во работната улога и лоша комуникација помеѓу вработените и работодавците. Без јасни насоки и очекувања од работата, вработените се збунети и не си ги знаат нивните должности, што би резултирало со прекин на таа комуникација.
Недостаток на јасен напредок во кариерата е исто симптом на неадекватно зададени работни задачи. Ако не ни се дадени конкретни и разбирливи детали за работните обврски, немаме насока каде да се движиме и да ги идентификуваме следните чекори во нашата работна улога. Во овој момент стануваме обесхрабрени, несигурни во себе, немотивирани и неродуктивни за компанијата.
Тоа што можеби најмногу би ја оштетило компанијата во ваква ситуација би било предизвикување на правни компликации. Без јасни работни обврски, работодавачите автоматски се изложуваат на ризик да ги прекршат законите за вработување. Сето ова резултира со плаќање на скапи правни такси и потенцијално, барање на компензација од вработените во компанијата.
Што заклучуваме од овие фактори и како да не дозволиме да се доведеме во ваков стадиум? Најпрво мора да се направи истражување кој и е потребен на фирмата за напредок, потоа мора јасно да се дефинираат позиции за работа, да се наведат точни, детални и концизни работни задачи. Кога сите си ги знаат своите обврски компанијата полесно доаѓа до успех.