Креацијата на резиме во форма на видео запис е уште една дополнителна опција за оние кои бараат работа.
Ваквата форма на резиме е посебно интересна и корисна за оние кои работат со визуелна и креативна работа, бидејќи на овој начин подобро можат да ги нагласат своите вештини.
На пример, секаков вид на работа кој се базира на Ваш перформанс, без разлика на тоа дали вклучува глума на сцена, учителска дејност или презентација на квартални броеви, може да има корист од креирање на видео запис како резиме.
Видео записот може исто така да биде добар начин и на прикажување на Вашите личносни карактеристики и меки способности, посебно ако работите со клиенти, работите на позиција која вклучува потенцијални потрошувачи или слично.
Од друга страна пак, ако не направите добар план за тоа како ќе се одвива дејствието во видеото, ризикувате да креирате несоодветно и неуспешно видео.
Имајте на ум дека видео записот за резиме може да биде нов, иновативен и привлечен начин за ваша лична реклама пред потенцијалниот работодавач, но морате да внимавате како и каде ќе го снимите тоа видео.
Неколку совети за креирање на резиме во форма на видео запис наскоро…